Секој ден разгледувај ја Јеховината реч!
1 Секој ден носи нови предизвици за твојата вера. Можеби некој световен познаник постојано ти врши притисок да излезете. Наставникот бара да тежнееш по световна кариера или, пак, работодавецот бара да работиш прекувремено. Твоето физичко здравје можеби слабее. Иако такви искушенија можат да те пресретнат во секое време, ти не си сам. Јехова е спремен да ти ја даде мудроста што ти е потребна за да се справиш со нив. Разгледувањето на дневниот стих и на коментарот во Секојдневно разгледување на Писмото е еден начин на кој можеш редовно да ја примаш Јеховината реч. Дали ја користиш оваа подготовка?
2 На располагање ти стои помош: Исаија 30:20 (NW) го опишува Јехова како „Голем Учител“ од кого Божјиот народ може да бара помош. Тој ти го дава токму она што ти е потребно за да се соочиш со предизвиците на твојата вера. На кој начин? Следниот стих објаснува: „Ушите ваши ќе го слушаат словото, кое говори зад вас — ете го патот, врвете по него“. Денес, Јехова го испраќа своето ‚слово‘ преку Писмото и преку публикациите на ‚верниот роб‘ (Мат. 24:45, NW). Само во статиите на изминатите изданија на Стражарска кула има едно богатство од мудрост што го допира речиси секој аспект од христијанскиот живот. Разгледувањето на оние што се цитирани во Секојдневно разгледување на Писмото помага да изградиш едно складиште од спознание кое е од непроценлива вредност во справувањето со секакви испити (Иса. 48:17).
3 Одвој време за тоа: Иако наутро немала многу време, за една мајка било најважно да го чита и да дискутира за текстот и за коментарот со својот син за време на појадокот. Тие зборови, заедно со молитвата, биле последните зборови што ги слушал тој секое утро пред да замине на училиште. Тие го зајакнувале да одолее на понудите за секс, да заземе бескомпромисен став наспроти национализмот и да им дава храбро сведоштво на учениците и на наставниците. Иако бил единствениот Сведок во училиштето, никогаш не се чувствувал сам.
4 Барај упатство и водство од Јехова и неговата Реч. Ако го правиш тоа, тој ќе биде реален за тебе, како некој доверлив пријател. Обраќај му се секој ден! Заедно со уште милиони други ширум светот кои секојдневно се советуваат со Божјата реч, и твоите очи нека стануваат „очи кои го гледаат твојот голем учител“.