ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/05 стр. 5
  • Семеен распоред за дневниот стих

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Семеен распоред за дневниот стих
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Сличен материјал
  • Направи практичен семеен распоред
    Нашата служба за Царството 2005
  • Секој ден разгледувај ја Јеховината реч!
    Нашата служба за Царството 2000
  • Дали извлекуваш корист од брошурката Секојдневно истражување на Писмото?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Семејни поглавари — задржете добра духовна рутина
    Нашата служба за Царството 2002
Повеќе
Нашата служба за Царството 2005
km 5/05 стр. 5

Семеен распоред за дневниот стих

1 Родителите полни со љубов секој ден вложуваат многу труд за да им дадат добра храна на своите деца. Уште поважно е да им дадат духовна храна од Божјата реч (Мат. 4:4). Еден начин на кој можеш да им помогнеш на твоите деца да развијат здрав духовен апетит и ‚да пораснат до спасение‘, е ако секој ден одвојувате време за да ги разгледате дневниот стих и коментарот како семејство (1. Петр. 2:2). Кога можеш да го вклучиш ова во твојот семеен распоред?

2 На оброците: Ако го започнете денот со дискусија за стихот, тоа ќе им помогне на членовите од семејството да го имаат Јехова во мислите преку целиот ден (Пс. 16:8). Една мајка одлучила да му го чита дневниот стих на својот син за време на појадокот, да поразговараат за стихот и на крај да се помолат пред тој да замине на училиште. Ова го зајакнало да заземе бескомпромисен став наспроти национализмот, да не попушти пред неморалните искушенија и да им дава храбро сведоштво на учениците и на наставниците. Иако бил единствениот Сведок во училиштето, никогаш не се чувствувал сам.

3 Доколку не ви одговара наутро да дискутирате за стихот, тогаш тоа можете да го направите како семејство подоцна во денот, можеби за време на вечерата. Исто така во ова време некои раскажуваат искуства од службата и мисли во кои уживале додека ја читале Библијата. Многумина со радост се сеќаваат на тие прилики како на најсреќното време што го поминале заедно со семејството.

4 Навечер: За некои семејства, најдобро време да го разгледаат дневниот стих е навечер пред да си легнат. Ова исто така може да биде убава прилика да се молат заедно. Кога твоите деца секојдневно те слушаат како зборуваш за Јехова и му се молиш, тој за нив станува реална личност.

5 Јехова нека ги благослови твоите напори да ја всадиш вистината во своите деца додека добро ја користиш брошурата Секојдневно испитување на Писмото.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели