„Сѐ нека се случува за изградување“
1 Во постапките со нашите браќа, сѐ што правиме треба да придонесува за нивно изградување. Тоа значи да ни биде важно да ги штитиме нивните духовни интереси. Ако имаме некоја световна работа која е поврзана со рекламирање на некој производ или услуга, треба да внимаваме да не направиме нешто што ќе ги спрепне нашите браќа (2. Кор. 6:3; Фил. 1:9, 10).
2 Некои се впуштиле во различни деловни проекти, сметајќи дека сохристијаните ќе им бидат потенцијални муштерии. Извесни трговски организации ги охрабруваат своите претставници да го сметаат секого за потенцијален муштерија — вклучувајќи ги и оние кои припаѓаат на истата религија. Некои браќа организирале големи собири за Сведоците со намера да ги поттикнат да се вклучат во некој деловен потфат. Други, пак, го рекламираат својот потфат и, без да бидат замолени за тоа, им даваат на соверниците статии, брошури, информации на Интернет или касети. Дали би било исправно еден христијанин да ги употребува своите теократски контакти за да ги искористи своите духовни браќа? Не! (1. Кор. 10:23, 24, 31—33).
3 Браќата треба да внимаваат: Ова не значи дека еден христијанин не може да води заеднички бизнис со друг брат. Тоа е лична работа. Меѓутоа, некои започнуваат деловни проекти кои поттикнуваат на алчност, и ги тераат соверниците да им станат партнери или инвеститори. Многу вакви проекти пропаѓаат, а учесниците губат огромни суми пари. Иако оние што се придружиле во ваков потфат можеби биле мотивирани од желбата за брза заработка, оној што го организирал тоа не треба да мисли дека е ослободен од секаква одговорност доколку потфатот пропадне. Тој треба однапред внимателно да разгледа какви ќе бидат последиците за духовната и физичката благосостојба на неговите браќа во случај да не успее потфатот. Оние што се на одговорни теократски положби треба особено да бидат претпазливи во врска со световните потфати затоа што другите можеби ги гледаат со почит и имаат голема доверба во нив. Не би било исправно да се злоупотреби таквата доверба. Предностите на светата служба можат да му се одземаат ако братот го изгуби почитувањето од другите.
4 Треба да ни биде цел ‚сѐ да се случува за изградување‘ (1. Кор. 14:26, NW). Мора да избегнуваме да правиме нешто што ќе внесе или ќе унапредува комерцијални активности во собранието. Тие работи немаат никаква врска со библиските причини зошто се собираме (Евр. 10:24, 25).