ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/00 стр. 4
  • „Треба ли да се преселам?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Треба ли да се преселам?“
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Пресели се онаму каде што има поголема потреба
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
  • Можеш ли да ‚прејдеш во Македонија‘?
    Нашата служба за Царството 2011
  • Како може да ја зголемиш својата служба?
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Можеш ли да прејдеш во Македонија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 9/00 стр. 4

„Треба ли да се преселам?“

1 Како одговор на Исусовата заповед ‚да одиме и да правиме ученици од луѓето од сите нации‘, многу предадени слуги на Јехова се преселиле за да служат онаму каде што има поголема потреба (Мат. 28:19). Тие го имитираат Павле, кој се одѕвал на повикот: „Прејди во Македонија и помогни ни“ (Дела 16:9). Како може практично да се направи ова?

2 Прави чекор по чекор: Дали на твоето собрание му припаѓа некое ретко обработувано подрачје? Ако е така, би можел да ги насочиш твоите напори на тие подрачја. Пред да одлучиш да одиш на некое друго место, обрати им се на старешините за да видиш дали тие сметаат дека си спремен да се преселиш. Исто така, би можел да го прашаш покраинскиот надгледник дали знае некое собрание во близина каде што би можел да ја прошириш својата служба. Од друга страна, пак, откако внимателно ќе го пресметаш трошокот, можеби ќе сакаш да ја разгледаш можноста да помогнеш во некој друг дел од земјата или во некоја друга држава. Ако имаш таква желба, заедно со старешинското тело треба да пишеш до канцеларијата на подружницата каде што си заинтересиран да служиш, изложувајќи го твоето теократско минато. Можеби ќе биде мудро да го посетиш тоа подрачје пред да одлучиш дали да се преселиш таму за да останеш постојано.

3 Биди претпазлив во врска со преселувањето: Сѐ повеќе наши браќа се преселуваат во други земји затоа што бараат повисок животен стандард или ослободување од угнетувањето. За тоа време, некои станале жртва на безобѕирни луѓе кои ветуваат дека ќе им помогнат да се населат во новата земја, но само им ги земаат парите и ги напуштаат. Во некои случаи, овие луѓе се обидуваат да ги натераат имигрантите дури и на неморални услуги. Кога овие ќе одбијат, оставени се на милост и немилост на земјата во која влегле. Така, ситуацијата на имигрантите станала полоша отколку што била кога живееле во својата татковина. Можеби ќе треба дури и да бараат од браќата да им најдат сместување и да им помогнат на други начини, ставајќи им товар на други христијански семејства кои се борат со своите сопствени проблеми и тешкотии. Членовите на некои домаќинства биле физички одвоени еден од друг, а семејствата биле духовно ослабнати заради таквите непромислени преселби (1. Тим. 6:8—11).

4 Ако сакаш да се преселиш заради лична корист, имај на ум дека без оглед на тоа каде живееш, ќе се соочуваш со проблеми. Полесно е да ги совладаш проблемите онаму каде што веќе ги знаеш јазикот и културата, наместо да почнуваш од почеток во непозната средина.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели