ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp20 Бр. 1 стр. 12-13
  • Вистината за Божјето Царство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вистината за Божјето Царство
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • Сличен материјал
  • Што кажал Исус за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • За Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Божјето Царство владее
    Спознание кое води до вечен живот
  • Што е Божјето Царство?
    Што бара Бог од нас?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
wp20 Бр. 1 стр. 12-13
Земјината топка гледана од вселената, осветлена од сончевите зраци

Вистината за Божјето Царство

Исус ги поучил своите следбеници да се молат: „Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое. Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:9, 10). Што е Божјето Царство? Што прави тоа? И зошто треба да се молиме за него?

Исус е Царот на Божјето Царство.

Лука 1:31-33: „Дај му го името Исус. Тој ќе биде голем и ќе биде наречен Син на Севишниот. Јехова Бог ќе му го даде престолот на Давид, неговиот татко, и тој ќе царува во домот на Јаков засекогаш, и неговото царство ќе нема крај“.

Царството било главната тема за која проповедал Исус.

Матеј 9:35: „Исус почна да ги обиколува сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи ја добрата вест за царството и лекувајќи секакви болести и секакви немоќи“.

Исус им дал на своите ученици знак кој ќе им помогнел да сфатат дека Царството е на прагот.

Матеј 24:7: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство, и ќе има глад и земјотреси на разни места“.

Денес учениците на Исус проповедаат за Царството по целата Земја.

Матеј 24:14: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“.

Некои факти за Божјето Царство

Каде се наоѓа? Божјето Царство е вистинска влада која Бог ја воспоставил на небото (ДАНИЕЛ 2:44; МАТЕЈ 4:17).

Која е неговата цел? Божјето Царство ќе ја претвори Земјата во рај, каде што сите луѓе ќе живеат во мир и слога, и никогаш нема да се разболат и да умрат (ПСАЛМ 37:11, 29).

Владетели на Царството. Бог го поставил Исус како Цар за да владее од небото заедно со 144.000 совладетели откупени од Земјата (ЛУКА 1:30-33; 12:32; ОТКРОВЕНИЕ 14:1, 3).

Поданици на Царството. Поданиците на Царството ќе живеат на Земјата. Тие спремно ќе му се покоруваат на Исус како на свој владетел и ќе живеат во склад со законите на Царството (МАТЕЈ 7:21).

Зошто Исус е најдобриот можен владетел

Додека бил на Земјата, Исус докажал дека ќе биде способен владетел полн со љубов бидејќи:

  • Се грижел за сиромашните (ЛУКА 14:13, 14).

  • Мразел нечесност и неправда (МАТЕЈ 21:12, 13).

  • Имал контрола над природните сили (МАРКО 4:39).

  • Нахранил илјадници луѓе (МАТЕЈ 14:19-21).

  • Сочувствувал со болните и ги излекувал сите што страдале (МАТЕЈ 8:16).

  • Воскреснувал мртви (ЈОВАН 11:43, 44).

Што може уште сега да направи Божјето Царство за тебе

Ако станеш поданик на Божјето Царство, уште денес можеш да водиш посреќен живот. На пример, поданиците на Царството:

  • Се трудат да бидат во мир со сите (ЕВРЕИТЕ 12:14).

  • Имаат мир и слога во семејството бидејќи брачните другари се сакаат и се почитуваат (ЕФЕШАНИТЕ 5:22, 23, 33).

  • Водат среќен и исполнет живот затоа што „настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (МАТЕЈ 5:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели