ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/5 стр. 16-17
  • За Божјето Царство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • За Божјето Царство
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е Божјето Царство?
  • Кои ќе бидат владетели во Божјето Царство?
  • Од каде ќе владее оваа влада?
  • Што ќе направи Божјето Царство со злото?
  • Со кои луѓе на Земјата ќе владее Царството?
  • Што ќе направи Божјето Царство за луѓето на Земјата?
  • Што е Божјето Царство?
    Што навистина учи Библијата?
  • Што е Божјето Царство?
    Што бара Бог од нас?
  • Што кажал Исус за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Вистината за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/5 стр. 16-17

Што учиме од Исус

За Божјето Царство

Што е Божјето Царство?

Божјето Царство е влада што ќе управува со целата Земја. Исус рекол: „Молете се вака: ... ‚Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата‘“ (Матеј 6:9, 10; Даниел 2:44).

Кои ќе бидат владетели во Божјето Царство?

Исус се родил за да владее со Божјето Царство. Еден ангел ѝ рекол на мајка му: „Јехова Бог ќе му го даде престолот на Давид, неговиот татко, и тој ќе царува“ (Лука 1:30-33). Освен тоа, Исус избрал и некои од своите ученици да владеат со него. Тој им рекол на апостолите: „Вие останавте со мене во моите искушенија. Јас склучувам со вас сојуз за царство, како што мојот Татко со мене склучи сојуз“ (Лука 22:28, 29; Даниел 7:27). Заедно со Исус ќе владеат вкупно 144.000 негови следбеници (Откровение 5:9, 10; 14:1).

Од каде ќе владее оваа влада?

Божјето Царство ќе владее од небото. Исус им рекол на своите ученици: „А кога ќе појдам и ќе ви приготвам место [на небото], повторно ќе дојдам и ќе ве примам во својот дом, за да бидете и вие таму каде што сум јас... Јас си одам кај Таткото“ (Јован 14:2, 3, 12; Даниел 7:13, 14).

Што ќе направи Божјето Царство со злото?

Исус ќе ја исчисти Земјата од злобните луѓе. Тој рекол: „Кога Синот човечки [Исус] ќе пристигне во својата слава и сите ангели со него, тогаш ќе седне на својот славен престол. И сите народи ќе се соберат пред него, и тој ќе ги одвои луѓето едни од други... И овие [злобните] ќе отидат во вечна смрт, а праведниците во вечен живот“ (Матеј 25:31-34, 46).

Со кои луѓе на Земјата ќе владее Царството?

Исус рекол: „Среќни се кротките, зашто ќе ја наследат земјата“ (Матеј 5:5; Псалм 37:29; 72:8). На Земјата ќе живеат луѓе што уште сега учат да се сакаат. Исус им рекол на своите следбеници: „Нова заповед ви давам: сакајте се еден со друг! Како што јас ве сакав, така и вие сакајте се еден со друг. По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:34, 35).

Што ќе направи Божјето Царство за луѓето на Земјата?

Исус ќе ги излекува луѓето од нивните болести. Додека бил на Земјата, Исус им зборувал на мноштвата ‚за Божјето царство и ги исцелувал оние на кои им требало лекување‘ (Лука 9:11). Откако во едно видение го видел воскреснатиот Исус, апостол Јован рекол: „Видов ново небо и нова земја... Чув еден силен глас од престолот како вели: ‚Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето!.. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе“ (Откровение 21:1-4).

Божјето Царство повторно ќе донесе рај на Земјата. Еден од злосторниците што биле погубени со Исус рекол: „Исусе, сети се на мене кога ќе дојдеш во своето царство!“ А Исус му рекол: „Вистина, ти велам денес, ќе бидеш со мене во Рајот“ (Лука 23:42, 43; Исаија 11:4-9).

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 8. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?a

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели