Да се планира однапред — за што?
1 Сите ние размислуваме за нашите планови за иднината. Оние кои имаат земна надеж се во исчекување да живеат засекогаш во Божјиот праведен нов свет. Но, има некои влијанија кои би можеле да ја истргнат таа надеж од срцето. Потребни се сесрдни напори за да продолжиме да ги градиме нашите животи околу интересите на Царството и да не нѐ одвлечат примамливите желби на телото (1. Јов. 2:15—17).
2 Светот едноставно не може да сфати кон што се стремат духовно настроените луѓе (1. Кор. 2:14). Додека другите луѓе настојуваат да стекнат слава, моќ или богатство, ние се стремиме по духовни богатства (Мат. 6:19—21). Ако се обидеме да го усогласиме нашето размислување со гледиштето за иднината што го има светот, дали ќе успееме да ги постигнеме нашите духовни цели? За кратко време световните работи би ги обзеле нашите срца. Како можеме да го спречиме тоа?
3 „Облечете се во Господ Исус Христос“: Еден начин на кој можеме да одредиме дали ја градиме нашата иднина околу интересите на Царството е да ги преиспитаме нашите разговори. Дали постојано зборуваме за материјални работи и световни интереси? Ако да, мора да размислиме дали нашето срце повеќе не е фокусирано на духовните вредности. Можеби ќе треба да ставиме поголем нагласок на ‚облекувањето на Господ Исус Христос наместо да планираме однапред за желбите на телото‘ (Рим. 13:14).
4 Младите можат да ‚го облечат Христос‘ планирајќи однапред за денот кога ќе започнат со полновремена служба. Еден млад човек кој сакал да биде општ пионер, израснал во култура каде што владеел обичајот младите мажи финансиски да се обезбедат. Затоа, толку се задлабочил во бизнисот што само механички одел на состаноците и учествувал во службата. Штом стекнал доверба во Исусовите зборови кои се наоѓаат во Матеј 6:33 и излегол од симболичното монотоно тркало во кое бил, тој започнал со кариера на полновремена служба. Сега му служи на Јехова со чиста совест, како што вели тој, ‚со целиот свој потенцијал‘.
5 Библијата вели дека е мудро да се планира за иднината (Посл. 21:5). Сите ние да го правиме тоа додека на прво место во мислите ни е Божјата волја (Ефеш. 5:15—17).