Секој може да учи од видеокасетата Ное — тој одел со Бог
Прочитај го или разгледај го извештајот од Битие 6:1 до 9:19. Потоа гледај ја видеокасетата Ное и размисли за тоа како би одговорил на следниве прашања: 1) Каков бил светот во времето на Ное и како станал таков? 2) Зошто Ное бил толку посебен, каква задача му дал Бог да изврши и зошто? 3) Каде веројатно била изградена арката, колку време требало за тоа и колкава била? 4) Освен тоа што ја граделе арката, што друго морале да прават Ное и неговото семејство? 5) Што мислиш, како било во арката откако се затворила вратата? 6) Како ќе си се чувствувал ти по преживувањето на Потопот? 7) Какво потсетување за Потопот гледаме понекогаш и што значи тоа? 8) Што научи од извештајот за Ное за себе лично, за твоето семејство и за делото што ни го доделил Бог? 9) Кои прашања би сакал да му ги поставиш на Ное и на неговото семејство кога ќе се видиш со нив во Рајот? 10) Како планираш да ја употребиш видеокасетата Ное сега?