Можеш ли да го ставиш својот дом на располагање?
1 Во првиот век многу христијани ги ставиле своите домови на располагање за собраниските состаноци (1. Кор. 16:19; Кол. 4:15; Филим. 1, 2). Во некои собранија денес нема доволно локации за Собраниска студија на книга и за состаноците за служба на теренот. Ова може да има резултат во некои групи за студија на книга да има 30 или повеќе присутни, што многу го надминува препорачаниот број 15.
2 Убава предност: Си размислувал ли да го ставиш својот дом на располагање за Собраниска студија на книга? За таа цел идеална би била доволно голема соба што е чиста, добро осветлена и проветрена. Бидејќи студијата на книга е собраниски состанок и дел од Јеховината подготовка да го поучува својот народ, да се има студија на книга во твојот дом е убава предност. Многумина известуваат дека извлекуваат духовна корист затоа што го ставиле својот дом на располагање на ваков начин.
3 Ако мислиш дека твојот дом одговара, тогаш секако кажи им го тоа на старешините. Тие можеби бараат дополнителни локации. Ако не е можно да се има студија на книга во твојот дом, може ли состаноците за служба на теренот да се одржуваат кај тебе? Дури и ако во моментов нема потреба, старешините ќе бидат благодарни ако знаат дека твојот дом е на располагање. Можеби ќе ја уживаш таа предност во иднина.
4 Покажувај добри манири: Кога се собираме во приватен дом, сите присутни треба да се однесуваат со почит кон сопственоста на домаќинот. Родителите треба да се погрижат нивните деца да останат во просторијата што е одредена за студијата, а не да одат во приватните простории во домот. Треба да се покаже и обѕир кон соседите така што внимателно ќе избегнуваме непотребно да ги вознемируваме (2. Кор. 6:3, 4; 1. Петр. 2:12).
5 Евреите 13:16 нѐ охрабрува да не заборавиме ‚да им правиме добро и да делиме со другите, зашто со таквите жртви му се угодува на Бог‘. Тоа што ќе го ставиш својот дом на располагање за некој собраниски состанок е убав начин да ги делиш добрите работи со другите и да му ‚оддаваш чест на Јехова со твоите скапоцени работи‘ (Посл. 3:9, NW).