Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 10 февруари
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница нека има приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 февруари. Иако се презентира само Стражарска кула, треба да бидат понудени две списанија едно во друго.
35 мин: „Проповедај и давај темелно сведоштво.“a Да го одржи надгледникот за служба. Охрабри ги сите што можат да бидат помошни пионери во март и април. Замоли ги да дадат коментари оние што биле пионери во текот на минатата сезона на Меморијалот. Како се организирале за да пионерат? Каков напор и преиначувања биле потребни за тоа? Каква радост и благослови доживеале? Разгледај ги предложените распореди во рамката на 4. страница. Извести дека молбите за помошна пионерска служба ќе бидат на располагање по состанокот.
Песна 30 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 17 февруари
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Разгледај ја понудата на литература за март. Спомни еден или два предлози за презентирање на книгата Спознание, користејќи ги точките од додатокот на Наша служба за Царството од јануари 2002. Нагласи ја целта да се започнат домашни библиски студии.
15 мин: „Можеш ли да го ставиш својот дом на располагање?“ Говор на еден надгледник на студија на книга. Вклучи коментари од Рубриката прашања од Наша служба за Царството од април 2001 и од февруари 1990. Спомни го бројот на групите за студија на книга во собранието и просекот на присутност. Еден или двајца објавители нека раскажат како тие и нивните семејства извлекле корист од тоа што студијата на книга е во нивниот дом. Сите што ќе сакаат да го стават својот дом на располагање треба да му го кажат тоа на претседавачкиот надгледник.
20 мин: „Кој е твојот приоритет?“b Договори однапред еден или двајца објавители да коментираат како можеле да ги преиначат своите околности за да сторат повеќе во службата.
Песна 57 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 24 февруари
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба на теренот за февруари. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има два посебни прикази како да се презентира Стражарска кула од 1 март и Разбудете се! од 8 март. И во двата случаи, треба да се понудат две списанија едно во друго иако се презентира само едното.
10 мин: „Помош во право време.“ Говор на старешина. Нагласи дека посебниот напор што се вложува за да им се помогне на оние што се неактивни ја одразува Јеховината грижа полна со љубов кон неговиот народ.
25 мин: „Млади — како ќе го искористите својот живот?“ Ограничи ги воведните коментари на една минута и потоа веднаш премини на дискусија за статијата со присутните. Првите четири и последниот пасус се однесуваат директно на младите, затоа овие информации пред сѐ треба да се разгледаат со нив. Ако е можно, интервјуирај примерни млади што веќе постигнале смисловни цели во нивните христијански активности. Покажи што можат да направат сите за да им помогнат на младите да растат духовно.
Песна 56 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 3 март
10 мин: Локални известувања. Накратко дискутирај за „Нова подготовка за библиотеки на Салите на Царството“. Спомни кој ќе служи како библиотекар на библиотеката на Салата на Царството.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Бидете со здрави мисли додека крајот се приближува.“c Кога дискутираш за пасуси 3 и 4, замоли ги објавителите да раскажат кон какви духовни цели моментално се стремат. Вклучи коментари од 176. страница од книгата Обожавај го Бог.
Песна 127 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.