Меѓународна изградба на Сали на Царството во некои европски земји
1 Во изминативе децении делото на Јеховините сведоци беше забрането во повеќе европски земји, вклучувајќи ја и Источна Европа. Во повеќето случаи, ограничувањата беа доста тешки. Беше тешко јавно да се одржуваат состаноци, а да се користи Сала на Царството беше речиси невозможно. Меѓутоа, во изминативе години „Господ [Јехова, NW] ни направи големи дела: пак сме радосни!“ (Псал. 126:3).
2 Почнувајќи од 1983, угнетувачкиот стисок врз Јеховините сведоци почна да попушта. До 1989, Полска и Унгарија им дадоа законско признание на Јеховините сведоци. Во 1991, Јеховините сведоци беа законски регистрирани во Русија. Оттогаш, делото во Русија и во поранешните републики на Советскиот Сојуз напредува. Помеѓу март 1996 и октомври 1998, Водечкото тело даде одобрување на барањата за заем за 359 Сали на Царството упатени од канцелариите на подружниците што го надгледуваат делото во 11 европски земји.
3 Кога ќе ги разгледуваш сликите во овој додаток, размислувај за големите и чудесни работи што Јехова ги направил за својот народ (Псал. 136:4). Ќе се радуваш што знаеш дека доброволните прилози од светското братство се користат на извонреден начин, одразувајќи го она што Исус го рекол, а што е запишано во Јован 13:35: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе“ (Јован 13:35).
4 Меѓу европските земји што извлекуваат корист од подготовката за помош за изградба на Сали на Царството во земји со ограничени средства е Романија, каде што од јули 2000 беа изградени 36 Сали на Царството. Користејќи стандарден план за речиси сите нивни Сали на Царството, во Украина беа изградени 61 Сала во 2001 и уште 76 во 2002 . Со помош на парите приложени во Фондот за Сали на Царството, стотици Сали на Царството беа изградени во Бугарија, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Русија и Хрватска.
5 Градењето Сали на Царството во некои земји не е лесно, и мора да се вложи многу напор пред навистина да почне изградбата. Тој процес честопати одзема многу време. Потоа, и трошоците за изградба на една Сала на Царството во тој дел од Европа се многу поголеми отколку во многу делови на Африка или Јужна Америка. Меѓутоа, поради големиот пораст во бројот на оние што го обожаваат Јехова, во европските земји со ограничени средства потребни се уште стотици Сали на Царството!
6 Колку е прекрасно да се види таков брз пораст во градењето на овие Сали на Царството! Во околината каде што беа изградени беше дадено извонредно сведоштво, како што покажуваат и многу искуства. Во некои области, локалните власти беа импресионирани од спремниот дух што беше покажан во следењето на упатствата за изградба.
7 Исаија соодветно пророкувал за порастот на вистинското обожавање во ова време. Преку овој пророк Бог прорекол: „Јас, Господ, зборував, ќе го извршам тоа во право време“ (Иса. 60:22). Се разбира, последнава деценија се покажа дека е Јеховнино време за пораст во Источна Европа. Нека Јехова продолжи да го излева својот богат благослов врз нашите напори да го забрзаме градењето на Сали на Царството во многу земји додека и понатаму даваме поддршка за Фондот за Сали на Царството! Резултат на тоа ќе бидат уште многу други сали во земјите со ограничени средства. Тоа ќе придонесе за порастот на чистото обожавање во многу делови на Европа и за да се даде поголемо сведоштво до „најоддалечениот дел од Земјата“ (Дела 13:47).
[Слики на страница 3]
Комплекс на Сали на Царството Москва, Русија
[Слики на страници 4-6]
Нови Сали на Царството во Источна Европа
Струмица, Македонија
Дарувар, Хрватска
Сокал, Лавов, Украина
Битола, Македонија
Младост, Бугарија
Пловдив, Бугарија
Краснооктјабриски, Мајкоп, Русија
Бачки Петровац, Србија и Црна Гора
Тлумах, област Ивано-Франковск, Украина
Рава-Рускаја, Лавов, Украина
Стара Пазова, Србија и Црна Гора
Зеница, Босна и Херцеговина
Сокал, Лавов, Украина
Жидачивл, Лавов, Украина