Дел 1: Водење напредни библиски студии
Што е библиска студија?
1 Низ целиот свет Божјиот народ води околу шест милиони библиски студии секој месец. Со тоа што ќе користиме добри методи на поучување, можеме да им помогнеме на овие библиски студенти да напредуваат до степен на предание и крштавање и да станат „соодветно оспособени да поучуваат други“ (2. Тим. 2:2). Би сакал ли да му помогнеш на твојот студент да напредува кон тоа? Почнувајќи од ова издание, во Наша служба за Царството ќе има циклус статии во кои ќе бидат објаснети основните аспекти на водењето напредни библиски студии.
2 Кога да се извести библиска студија: Ако редовно и систематски водиш библиски дискусии, иако се кратки, користејќи ја Библијата заедно со некоја од препорачаните публикации, ти водиш библиска студија. Ова е случај дури и ако студијата се одвива на врата или по телефон. Студијата може да се извести по вториот пат откако бил прикажан начинот на проучување и доколку има причина да веруваме дека студијата ќе продолжи.
3 Публикации што се користат за да се водат многу библиски студии се брошурата Бара и книгата Спознание. Откако ќе се завршат овие две публикации, ако е очигледно дека лицето напредува, дури и бавно, и дека стекнува ценење за она што го учи, тогаш студијата може да продолжи со книгата Обожавај го Бог. Брошурата Ти можеш да бидеш Божји пријател! може да се користи со луѓе што имаат ограничено образование или кои слабо читаат.
4 Делото на водење библиски студии се покажало делотворно за да им се помогне на милиони да станат вистински ученици на Исус Христос (Мат. 28:19, 20). Со тоа што ќе ги применуваш предлозите дадени во следните статии од овој циклус ќе можеш да водиш напредни библиски студии.