Како да се понуди Учи од Големиот Учител
◼ „Што мислите, дали светот би бил подобар кога луѓето би живееле во склад со оваа изрека? [Прочитај Матеј 7:12а. Потоа дозволи одговор.] Оваа книга содржи многу поуки од најголемиот учител што некогаш живеел.“ Посочи го вниманието на сликите и на текстот под сликите во 17 поглавје.
◼ „Повеќето родители денес се трудат да всадат здрави морални вредности во своите деца. Сметате ли дека тоа е важно? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Пословици 22:6.] Забележете дека родителите се поттикнати да почнат да ги поучуваат своите деца уште од рана возраст. Оваа книга е наменета да им помогне во тоа.“ Посочи го вниманието на сликите и текстот под сликите во 15, 18 или 32 поглавје.
◼ „Честопати родителите се запрепастени од прашањата што ги поставуваат нивните деца. На некои од тие прашања не е баш лесно да се одговори, нели? [Дозволи одговор. Потоа прочитај 2. Тимотеј 3:14, 15.] Мајка му и баба му на Тимотеј уште од мал го поучувале што вели Библијата. Оваа книга може да им помогне на родителите да го сторат истото за своите деца денес.“ Посочи го вниманието на неколку од сликите и текстот под сликите во 11 и 12 или 34 до 36 поглавје.