Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 јуни
„Многумина од нас ќе поминат голем дел од животот работејќи. За некои тоа е благослов, а за други проклетство. Што мислите вие за тоа? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Проповедник 2:24.] Ова списание покажува како Библијата може да ни помогне да стекнеме урамнотежено гледиште за работата. Тоа исто така ни кажува како да се справиме со стресот предизвикан од работата.“
Стражарска кула 1 јули
„Сите ние познаваме некои луѓе кои изгледаат успешни, но сепак чувствуваат дека нешто им недостига во животот. Што мислите, што им е потребно? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Матеј 5:3.] Ова списание го открива важниот клуч за добивање внатрешен мир, а тоа е задоволувањето на нашите духовни потреби.“
Разбудете се! 8 јули
„Што мислите, како можат родителите да им помогнат на своите деца да ги избегнат проблемите за време на тешките тинејџерски години. [Почекај да одговори. Потоа прочитај Исаија 48:17, 18.] Ова списание покажува како можат библиските совети да им помогнат на родителите да имаат добра комуникација со своите деца и да им постават разумни граници.“