Можеш ли да влезеш низ една „голема врата за работа“?
1. Каква „голема врата за работа“ е отворена пред нас?
1 Кога на апостол Павле му се отворила „голема врата за работа“, тој спремно ја искористил можноста да го шири делото за Царството и покрај многуте противници (1. Кор. 16:9). Денес, околу 642.000 објавители низ целиот свет влегле низ една голема врата за работа со тоа што станале општи пионери.
2. Зошто е добро од време на време да ја преиспитаме нашата ситуација?
2 Околностите се менуваат: Иако можеби сега не можеме да правиме многу во службата поради нашите лични околности, сепак околностите се менуваат. Затоа, ќе биде добро од време на време да ги преиспитаме нашите околности, а не да чекаме идеални услови (Проп. 11:4). Дали наскоро ќе завршиш средно училиште? Дали твоите деца наскоро ќе тргнат на училиште? Дали си пред пензија? Со таквите промени можеш да добиеш повеќе слободно време и така да започнеш со општа пионерска служба. Една сестра, која порано имала здравствени проблеми, решила да служи како општ пионер на возраст од 89 години. Зошто? Бидејќи не била во болница повеќе од една година, таа сметала дека здравјето ѝ е доволно добро за да може да биде пионер.
3. Какви промени направиле некои објавители за да бидат општи пионери?
3 Во случајот со Павле, негова првобитна намера била да ги посети браќата во Коринт. Сепак, тој ги променил своите планови за да може повеќе да ја шири добрата вест. Слично и денес, многу општи пионери морале да направат голем број промени во животот за да можат да учествуваат во таа служба. Некои го поедноставиле својот живот, па така имаат помали трошоци, кои можат да ги покријат и ако работат со скратено работно време. А пионерската служба им донела голема радост на овие браќа и сестри (1. Тим. 6:6-8). Некои брачни парови направиле промени што им овозможиле да опстанат само со една плата. На тој начин бил отворен пат сопругата да служи како пионер.
4. Што можеме да сториме ако не сме сигурни дека ќе ги исполниме часовите?
4 Немој брзо да ја отфрлиш идејата да бидеш пионер од страв дека нема да ги исполниш часовите. Потребно е да одиш во служба само малку повеќе од два часа секој ден. Ако не си сигурен дека ќе успееш во тоа, тогаш претходно пробај да служиш како помошен пионер еден до два месеца, но со цел да поминеш 70 часови во службата. Така ќе можеш и да ја почувствуваш радоста од пионерската служба (Пс. 34:8). Разговарај со оние што сега служат како пионери. Тие можеби надминале проблеми слични на оние што ги имаш ти (Изр. 15:22). Моли го Јехова да го благослови твојот труд да ја прошириш својата служба (1. Јов. 5:14).
5. Зошто е корисна општата пионерска служба?
5 Корисна служба: Општата пионерска служба носи многу благослови. Еден од нив е што ќе можеш да ја почувствуваш поголемата среќа што доаѓа од тоа кога човек повеќе дава (Дела 20:35). Исто така, пионерската служба ќе ти помогне да станеш повешт во тоа исправно да се служиш со Божјата реч на вистината (2. Тим. 2:15). Ќе имаш и повеќе прилики да видиш како Јеховината рака ти помага (Дела 11:21; Фил. 4:11-13). Оваа служба ќе ти помогне да развиеш и духовни особини, како што е истрајноста, и ќе ти овозможи да станеш поблизок со Јехова (Јак. 4:8). Можеш ли да влезеш низ оваа голема врата за работа и да станеш општ пионер?