Ќе бидеш ли ревносен како Јехова и како Исус во периодот околу Спомен-свеченоста?
1. Какви посебни напори вложуваат Јеховините сведоци во периодот околу Спомен-свеченоста?
1 Јехова ревносно ја исполнува својата намера. Во врска со некои од благословите што ќе ги донесе Божјето Царство, во Исаија 9:7 пишува: „Тоа ќе го направи ревноста на Јехова над војските“. Додека ја вршел својата служба на Земјата, и Божјиот Син покажал голема ревност за обожавањето на вистинскиот Бог (Јован 2:13-17; 4:34). Секоја година во периодот околу Спомен-свеченоста, милиони објавители низ целиот свет вложуваат посебни напори да ја зголемат својата служба за да бидат ревносни како Јехова и како Исус. Ќе бидеш ли и ти еден од нив?
2. Почнувајќи од 7 март, на што ќе нѐ поттикне ревноста?
2 Акција за Спомен-свеченоста: Оваа година, акцијата со која ќе ги каниме луѓето на Спомен-свеченоста ќе започне во сабота, на 7 март. Уште сега планирај ревносно да учествуваш во службата. Во собранијата ќе се чувствува голема возбуда додека сите се трудат да обработат што е можно поголем дел од подрачјето. Потруди се да ги поканиш оние со кои ја проучуваш Библијата, оние што ги посетуваш, колегите, роднините и соучениците. Тоа можеш да го направиш со покана или со помош на jw.org/mk.
3. Како можеме да бидеме поактивни во службата во март и април?
3 Помошни пионери: Ревноста ќе нѐ поттикне и да бидеме поактивни во службата. Со оглед на тоа дека во март и април ќе можеме да бидеме помошни пионери со 30 часа, нема сомнение дека мнозина од нас ќе го сторат тоа. На Семејната вечер посветена на Јехова или кога сам ќе проучуваш, моли се и размисли како би можел да го оствариш тоа (Изр. 15:22). Твојата одушевеност во врска со оваа акција може да ги поттикне и другите да бидат ревносни. Ако смениш нешто во својот распоред за да правиш повеќе, ќе покажеш ревност како Исус (Мар. 6:31-34).
4. Кои се благословите кога сме ревносни како Јехова и како Исус?
4 Тоа што ќе бидеме ревносни како Јехова и како Исус во периодот околу Спомен-свеченоста ќе ни донесе многу благослови. Ќе им биде посведочено на многу луѓе. Ќе се чувствуваме радосно и исполнето затоа што му служиме на Јехова и правиме нешто за другите (Дела 20:35). Што е најважно, ќе ги радуваме нашиот ревносен Бог и неговиот Син.