ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/07 стр. 8
  • Теши ги оние што се со скршено срце

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Теши ги оние што се со скршено срце
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Сличен материјал
  • Дај им утеха на оние што жалат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Како Бог дава утеха
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • ,Теши ги сите што тагуваат‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Утехата и охрабрувањето — скапоцени камења со многу фасети
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 2007
km 12/07 стр. 8

Теши ги оние што се со скршено срце

1 Никогаш порано во човечката историја луѓето немале толкава потреба од утеха како во денешно време. По примерот на нашиот Цар, Христос Исус, и ние се трудиме ‚да им ги превиеме раните на оние што се со скршено срце‘ (Иса. 61:1).

2 Како да ги утешиме: За да ги утешиме луѓето, треба да бидеме урамнотежени и да зборуваме за позитивни работи кога им сведочиме. Кога помалку се задржуваме на проблемите во светот и на лажните учења, повеќе се става акцент на вистината од Библијата и на надежта што ја будат во нас утешните ветувања што ги дава Бог. Ова не значи дека воопшто не треба да зборуваме за Армагедон. Нашата задача е да ја објавуваме „годината на Јеховината милост и денот на одмаздата на нашиот Бог“, како и ‚да го одвратиме злиот од неговиот зол пат‘. Меѓутоа, треба да внимаваме да не зборуваме премногу за Армагедон и за страшните последици од него за да не го одвлечеме вниманието од добрата вест за Божјето Царство (Иса. 61:2; Езек. 3:18; Мат. 24:14).

3 Од врата до врата: Во службата многу често сретнуваме луѓе што се разочарани затоа што се болни, затоа што им умрел некој од најблиските или, пак, доживеале некаква неправда или имаат економски проблеми. Како Христови следбеници, нам ни е жал и сочувствуваме со таквите лица (Лука 7:13; Рим. 12:15). Иако може да им прочитаме еден или два стиха што се поврзани со нивниот проблем, треба да бидеме ‚брзи на слушање‘ и така да им оставиме простор да си ги искажат своите чувства (Јак. 1:19). Откако ќе ги ислушаме, ќе можеме подобро да ги утешиме.

4 Во погоден момент од разговорот, би можеле да кажеме: „Би сакал да ви прочитам неколку охрабрувачки мисли од Библијата“. Притоа треба добро да ги процениме работите. Наместо да се обидуваме да го исправиме секое погрешно мислење што ќе го каже станарот, најважно треба да ни биде да го охрабриме и да го утешиме со помош на Библијата. За таа цел, разгледај ги информациите од книгата Расправљање на темељу Писма, страници 271-275 со поднаслов „Охрабрување“. Исто така, би можел да му го дадеш на станарот трактатот Утеха за потиштените и заедно да ги разгледате охрабрувачките мисли што се запишани во него.

5 Барај прилики да ги тешиш другите: Познаваш ли некој сосед, колега, школски другар или роднина на кој му треба утеха? Зошто не појдеш кај него за да му кажеш некои охрабрувачки мисли од Библијата? Ако знаеш што го мачи, ќе можеш да се подготвиш за да го утешиш. Некои ги утешиле другите така што им напишале писмо или им се јавиле по телефон. Ако вистински ги сакаме луѓето, ќе сочувствуваме со нив и ќе ги утешиме на темел на Библијата (Лука 10:25-37).

6 Имаме задача да ги тешиме оние што тагуваат, да ги развеселиме потиштените и да им влееме на луѓето надеж за подобра иднина. Таква утеха им е потребна на луѓето во целиот свет. Ако радосно зборуваме за многуте убави работи што ги ветил Бог, ќе ги утешиме и ќе им влееме надеж на искрените луѓе. Секогаш да имаме на ум дека треба да им ги превиеме раните на оние што се со скршено срце.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели