Помогни им да станат објавители на добрата вест
1 Задачата што Исус им ја дал на своите ученици, како што пишува во Матеј 28:19, 20, била многу обемна. Христовите ученици добиле заповед да прават нови ученици, кои подоцна и самите требало да го продолжат тоа дело. Така бил положен темелот за да се објавува добрата вест за Божјето Царство во текот на ова значајно време на крајот, во кое ние сега живееме (Мат. 24:14).
2 Можеби проучуваме со нашите деца или со други што имаат желба да научат повеќе за Библијата. Ние од сѐ срце сакаме да му помогнеме на секој од нив да ја прифати личната одговорност да им помага на другите да станат ученици на Исус Христос (Лука 6:40).
3 Подготви ги да сведочат: Поттикни ги оние со кои проучуваш да им зборуваат на другите за она што го учат. Раскажи им некои охрабрувачки искуства од службата. А своите деца, уште додека се мали, поучувај ги самите да сведочат во службата во склад со нивните способности (Пс. 148:12, 13). Со зборови и со пример покажи им дека самиот многу ја цениш службата (1. Тим. 1:12).
4 Јехова ги користи само оние што ги прифаќаат и живеат според неговите праведни мерила. Се разбира, новите не знаат исто колку поискусните крстени објавители на Царството. Сепак новите мора да веруваат во основните библиски учења и да знаат да ги објаснат. (Види ја книгата Организирани, стр. 79-82.) Треба да се одвојат од „Големиот Вавилон“ и да не учествуваат во политика. Исто така треба редовно да присуствуваат на состаноците (Отк. 18:2, 4; Јован 17:16; Евр. 10:24, 25).
5 Ако мислиш дека лицето кое го поучуваш за Библијата ги исполнува условите да стане некрстен објавител, претседавачкиот надгледник треба да биде известен за тоа. Тој ќе договори со двајца старешини да се сретнат со тебе и со тоа лице за да утврдат дали ги исполнува условите да служи како некрстен објавител на добрата вест за Царството заедно со собранието. Потоа, ти ќе ја имаш честа да продолжиш да го поучуваш додека одите заедно во службата на проповедање.