Помогни им на оние што ќе дојдат на Спомен-свеченоста
1. За кои работи ќе биде дадено впечатливо сведоштво на 22 март 2008 год.?
1 На 22 март 2008 год., милиони луѓе низ светот ќе добијат впечатливо сведоштво. Присутните на Спомен-свеченоста ќе чујат за големата љубов што Јехова ја покажал кон луѓето со тоа што обезбедил откупнина (Јован 3:16). Ќе дознаат за Царството и за начинот на кој Јехова ќе го употреби за да ја оствари својата волја со целата Земја (Мат. 6:9, 10). Од прва рака ќе ги видат љубовта и единството на Божјиот народ и ќе го почувствуваат нашето срдечно гостопримство (Пс. 133:1).
2. Како би можеле да им помогнеме на интересентите што ќе присуствуваат?
2 На интересентите: Меѓу присутните ќе има луѓе со кои штотуку сме започнале да ја проучуваме Библијата. Запознај ги со браќата и сестрите. Објасни им ги нашите седмични состаноци и прошетај ги кратко низ Салата на Царството. За време на говорот, говорникот ќе ги поттикне таквите лица да продолжат духовно да напредуваат. На темел на тие коментари можеш и ти да ги поттикнеш интересентите да ја постигнат таа цел.
3. Како би можеле да ги охрабриме неактивните објавители?
3 На неактивните: Меѓу присутните ќе има и неактивни објавители. Пријди им и срдечно поздрави ги. Немој да им поставуваш лични прашања или да кажуваш работи поради кои ќе им биде непријатно. Набрзо по Спомен-свеченоста, старешините треба да ги посетат сите неактивни објавители што присуствувале, да ги пофалат за тоа што се потрудиле да дојдат и срдечно да ги поканат на следниот собраниски состанок.
4. Како би можел секој од нас да им помогне на гостите?
4 На гостите: Меѓу присутните можеби ќе има и наши познајници или роднини што сме ги поканиле. Други, пак, можеби ќе дојдат поради поканата што ја добиле во посебната акција. Ако видиш лица што не ги познаваш, претстави им се и изрази им срдечно добредојде. Можеби за прв пат доаѓаат на некој наш состанок. Во разговорот можеби ќе ти се укаже прилика да ја дознаеш нивната адреса или телефонски број. Ако ги посетиш или ако им се јавиш по телефон неколку дена по Спомен-свеченоста, би можел да ги поттикнеш да дознаат повеќе за Библијата и да ја проучуваат.
5. Што би можеле да кажеме за да почнеме со некого да проучуваме?
5 Информациите од говорот за Спомен-свеченоста можеме да ги искористиме за да ја понудиме книгата Што учи Библијата кога ќе одиме на некоја повторна посета. На пример, говорникот ќе чита од Исаија 65:21-23. На повторната посета би можел да го спомнеш говорот и да кажеш: „Би сакал да ви кажам кои други прекрасни работи ќе ги овозможи откупнината“. Потоа разгледајте ги страниците 4 и 5 од книгата Што учи Библијата. Или би можел да кажеш: „Многумина се прашуваат кога ќе се исполни пророштвото од Исаија“. Потоа разгледајте ги пасусите 1-3 од 9. поглавје. Друга можност е само да го спомнеш поттикот што го дал говорникот, да му ја дадеш книгата Што учи Библијата и да му покажеш како се проучува со помош на таа книга.
6. Каква можност имаме додека ја извршуваме Исусовата заповед да ја одбележуваме неговата смрт?
6 Секој од нас треба да бара можност да им помогне на интересентите, на неактивните објавители и на гостите кои ќе дојдат на Спомен-свеченоста (Лука 22:19). Јехова сигурно ќе ја благослови нашата зголемена активност во службата за Царството.