Изрази им добредојде!
1. Кога имаме одлична можност да дадеме сведоштво, и зошто?
1 Одбележувањето на Спомен-свеченоста ни дава посебна можност за сведочење. Размисли за ова: Оваа година се очекува на Спомен-свеченоста да присуствуваат над десет милиони луѓе кои ќе чујат за двата најголеми докази за љубов што се гледаат во откупнината (Јован 3:16; 15:13). Тие ќе дознаат какви благослови може да имаат поради овој дар од Јехова (Иса. 65:21-23). Меѓутоа, говорникот не е единствениот што ќе даде сведоштво во таа прилика. Сите присутни ќе имаат можност да дадат силно сведоштво така што срдечно ќе им изразат добредојде на новите (Рим. 15:7).
2. Како можеме срдечно да ги пречекаме оние што ќе дојдат на Спомен-свеченоста?
2 Наместо само да си најдеш место и молчешкум да чекаш да почне програмата, би можел да им пристапиш на оние што се во близина и да се запознаеш со нив. На новите можеби им е незгодно и не знаат што да очекуваат. Ако срдечно им се насмевнеш и пријателски ги поздравиш, ќе им помогнеш да се опуштат. За да дознаеш дали некој дошол затоа што добил покана, би можел да го прашаш дали ова му е првпат да дојде на наш состанок или дали познава некој од собранието. Би можел да го поканиш да седне до тебе и да му дадеш да гледа од твојата Библија и песнарка. Ако Спомен-свеченоста се одржува во Салата на Царството, би можел накратко да му ја покажеш. По говорот, кажи му дека може слободно да те праша ако нешто го интересира. Ако вашето собрание мора брзо да ја напушти просторијата за да може да влезе друго собрание, би можел да речеш: „Ме интересира како Ви се допадна програмата. Како може да контактирам со Вас?“ Потоа договори се кога да се чуете или да се видите. Старешините треба да ги охрабрат и да им обрнат посебно внимание на неактивните што ќе дојдат.
3. Зошто е важно да им изразиме добредојде на оние што ќе дојдат на Спомен-свеченоста?
3 Многу од присутните за првпат ќе ги видат радоста, мирот и единството што владеат меѓу Јеховиниот народ (Пс. 29:11; Иса. 11:6-9; 65:13, 14). Какви спомени ќе понесат со себе? Многу ќе зависи од тоа што ќе направиме за да се чувствуваат пријатно.