Совесно да ги користиме нашите публикации
1. Следејќи го примерот на Исус, како ќе покажеме ценење за она што ни го дава Јехова?
1 Откако преку чудо нахранил голем број луѓе, Исус се погрижил да се собере преостанатата храна (Мат. 14:19-21). Така покажал ценење за она што Јехова го дава. Со тоа нѐ поучил дека и ние треба ‚да ја покажеме нашата благодарност‘ така што добро ќе го користиме сето она што ни го дава Јехова преку ‚верниот управител‘ (Кол. 3:15; Лука 12:42; Мат. 24:45-47).
2. Што да правиме за да не ни се насоберат списанија?
2 Списанија: Лесно може да се случи да ни се насоберат многу списанија. Ако постојано имаме вишок списанија треба да ја намалиме својата нарачка. А што да правиме со постарите броеви? Тие не ја губат својата вредност. Ако ни се насобрале постари списанија, можеби надгледникот за служба или некој друг старешина ќе може да ни даде предлог како да ги понудиме во служба.
3, 4. Што треба да имаме на ум кога земаме литература од Салата на Царството?
3 Други публикации: Кога ќе се смени публикацијата што ја нудиме во служба, прво провери дали дома веќе имаш доволно примероци од таа публикација пред да побараш уште во Салата на Царството. Покажи обѕир со тоа што ќе земеш само онолку примероци колку што ќе ти требаат за таа седмица, а откако ќе ги дадеш во служба можеш да побараш уште на штандот за литература.
4 Во врска со публикациите што лично ќе ги користиш, земи само онолку колку што навистина ти се потребни. Запиши си го името на соодветното место. Тоа ќе ти помогне да не го изгубиш личниот примерок. Ако користиш Библиотека на CD и ако си ги чуваш личните примероци од списанијата, веројатно нема да биде потребно да нарачаш повези од Стражарска кула и од Разбудете се!
5. Што треба да имаме на ум кога даваме публикации во служба?
5 Кога сме во служба: Треба да се трудиме да им ги даваме нашите публикации само на оние што се вистински заинтересирани. Не заборавај дека главно ние самите ги покриваме трошоците за литературата која е многу корисна за нашата служба. Кога ќе им оставиш публикација на оние што се заинтересирани, слободно кажи им дека можат да дадат доброволен прилог за да го поддржат ова меѓународно дело.
6. Зошто толку многу ги цениме нашите публикации, и на што сме поттикнати поради тоа?
6 Исус преку чудо им обезбедувал дословна храна на луѓето, но почесто ги хранел во духовен поглед. Тој рекол: „Човек не смее да живее само од леб, туку треба да живее и од секој збор што излегува од Јеховината уста“ (Мат. 4:4). Нашите публикации поучуваат за библиски вистини што се неопходни за да се добие вечен живот (Јован 17:3). Тие се премногу скапоцени за да ги трошиме неразумно!