Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 јуни
„Многумина веруваат дека секоја религија е различен пат што води до истиот Бог. Што мислите Вие за тоа? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата. [Прочитај Исус Навин 24:15.] Во оваа статија се изнесени силни причини зошто треба добро да размислиме дали нашата религија води до вистинскиот Бог.“ Покажи ја статијата што почнува на 12. страница.
Разбудете се! Јуни
„На секого од нас му умрел некој близок. Што мислите, дали треба да се плашиме дека некои од починатите се гневни и сакаат да ни наштетат? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Проповедник 9:5, 6.] Во оваа статија ќе најдете утешни мисли во врска со тоа.“ Покажи ја статијата што почнува на 22. страница.
Стражарска кула 1 јули
„На многу луѓе им е тешко да ја разберат Библијата. Дали е тоа случај и со Вас? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Псалм 119:130.] Според овој стих, Авторот на Библијата сака да ја разбереме и да имаме корист од неговата пишана Реч. Во ова списание се дадени три предлози што ќе ни помогнат да ја разбереме Библијата.“
Разбудете се! Јули
„Денес многу луѓе страдаат од депресија. Што мислите, дали Бог е лично заинтересиран за оние што страдаат емоционално? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Псалм 34:18.] Ова списание објаснува дека Бог може да им помогне на депримираните, дури и ако им е потребна медицинска помош за нивната состојба. Во него ќе најдете и предлози за тоа што би можеле да им кажеме за да ги утешиме.“