Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 април
„Некои тврдат дека Исус не умрел како што вели Библијата, туку дека се оженил и дека имал деца. Дали и Вие сте чуле такво нешто? [Почекај да одговори.] Многу е важно да ја знаеме вистината. [Прочитај Јован 17:3.] Во оваа статија ќе прочитате зошто можеме да веруваме во она што го вели Библијата за Исус.“ Покажи ја статијата што почнува на 26. страница.
Разбудете се! Април
Прочитај Псалм 37:9-11. Потоа прашај: „Што мислите, каков ќе биде светот кога ќе се оствари ова? [Почекај да одговори.] Во оваа статија ќе дознаете нешто повеќе за ова пророштво и за тоа зошто денес има толку зло во светот.“ Покажи ја статијата што почнува на 20. страница.
Стражарска кула 1 мај
„Дали некогаш сте размислувале зошто Бог ги допушта страдањата? [Почекај да одговори.] Видете како еден библиски писател го поставил прашањето што многу луѓе си го поставуваат. [Прочитај Псалм 10:1.] Во ова списание ќе прочитате што вели Библијата за тоа зошто Бог го допушта страдањето и што ќе направи за да му стави крај.“
Разбудете се! Мај
„Многу луѓе би сакале да ги остават цигарите, но мака мачат со тоа. Познавате ли некого што би сакал да престане да пуши? [Почекај да одговори.] На некои им помогнало тоа што побарале помош од пријателите и од семејството. [Прочитај Проповедник 4:12а.] Ова списание дава практични предлози што можат да му помогнат на некој да престане да пуши.“