Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 март
Прочитај 2. Мојсеева 20:15. Потоа кажи: „Иако повеќето луѓе се обидуваат да ја почитуваат оваа заповед, некои сметаат дека крадењето и други нечесни работи се оправдани во некои ситуации. Што мислите Вие за тоа? [Почекај да одговори.] Во оваа статија ќе прочитате зошто е корисно секогаш да бидеме чесни“. Покажи ја статијата што почнува на 12. страница.
Разбудете се! Март
„Многу луѓе ја почитуваат Библијата, но сметаат дека таа не ни користи многу во денешниов современ свет. Што мислите Вие? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Римјаните 15:4.] Од оваа статија ќе дознаете зошто дури и постарите делови од Библијата сѐ уште се корисни.“ Покажи ја статијата што почнува на 28. страница.
Стражарска кула 1 април
„Многумина мислат дека Исус е личност што извршила најголемо влијание врз животот на луѓето. Дали и Вие мислите така? [Почекај да одговори.] Иако има различни мислења за него, видете зошто е важно да ја дознаеме вистината. [Прочитај Јован 17:3.] Во ова специјално издание на Стражарска кула ќе прочитате што навистина вели Библијата за Исус и за неговите учења.“
Разбудете се! Април
„Се чини дека никогаш немаме доволно време за да направиме сѐ што би сакале. Дали се согласувате? [Почекај да одговори.] На многумина им помогнал овој совет. [Прочитај Филипјаните 1:10.] Ова списание дава некои практични предлози кои ќе ни помогнат добро да си го организираме времето.“