Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 март
„Луѓето имаат различни мислења за Исус. Што мислите Вие, дали тој бил Божји син или само добар човек?“ Почекај да одговори. Потоа прочитај го текстот под едно од прашањата со масни букви на 16. и 17. страница и еден од наведените стихови. Понуди ги списанијата и договори се кога да го разгледате одговорот на следното прашање.
Стражарска кула 1 април
„Различни луѓе имаат различни верувања за Исус. Што мислите, дали е важно да ја знаеме вистината за него? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Јован 17:3.] Ова списание објаснува што вели Библијата за Исус — од каде дошол, како живеел и зошто умрел.“
Разбудете се! Март
Ако сретнеш млада личност, покажи ѝ ја статијата на 26. страница. Укажи на поднасловот Колку навистина знаеш за пушењето? и прашај: „Дали овие изјави се точни или неточни? [Почекај да одговори. Потоа прочитај 2. Коринќаните 7:1.] Од оваа статија можеш да дознаеш нешто повеќе за пушењето, а и како може да се остават цигарите“.
Разбудете се! Април
„Сигурно ќе се согласите дека најболното нешто за еден човек е кога ќе му почине некој близок? [Почекај да одговори.] На многумина им помогнал следниов совет. [Прочитај Псалм 55:22.] Ова списание дава практични предлози како да ја поднесеме тагата и објаснува како може да го фрлиме своето бреме на Бог.“