ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/10 стр. 1
  • Поучувај уверливо

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поучувај уверливо
  • Нашата служба за Царството 2010
  • Сличен материјал
  • Исправно да се применат стиховите
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Дали ја браниш Божјата реч?
    Нашата служба за Царството 2007
  • Користи го вешто „мечот на духот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Како да ги увериме другите
    Нашата служба за Царството 2001
Повеќе
Нашата служба за Царството 2010
km 4/10 стр. 1

Поучувај уверливо

1. Што обично е потребно за делотворно да ја користиме Божјата Реч?

1 Апостол Павле, кој бил делотворен проповедник, знаел дека, за да може „исправно [да] се служи со речта на вистината“, не е доволно само да цитира од Светото писмо (2. Тим. 2:15). Како би можеле да го следиме неговиот пример и да даваме „уверливи докази“ кога ја користиме Божјата Реч? (Дела 28:23).

2. Како можеме да им помогнеме на луѓето повеќе да ја ценат Божјата Реч?

2 Дозволи Божјата Реч да зборува: Како прво, сврти го вниманието кон Библијата на начин што ќе му помогне на станарот да има поголемо ценење за Божјата мудрост што се наоѓа во неа. Нашата увереност во вистинитоста на Божјата Реч може да го поттикне внимателно да слуша кога ќе читаме некој стих (Евр. 4:12). Би можеле едноставно да кажеме: „Сфатив дека е корисно да проверам што мисли Бог за оваа работа. Видете што пишува во неговата Реч“. Секогаш кога е можно, дозволи Божјата Реч да зборува така што ќе читаш директно од неа.

3. Откако ќе прочитаме некој стих, како можеме да му помогнеме на станарот да го сфати неговото значење?

3 Како второ, објасни го стихот што го користиш. Многу луѓе не можат веднаш да го разберат значењето на некој библиски стих што за првпат го слушаат. Обично треба да објасниме како тој е поврзан со темата за која зборуваме (Лука 24:26, 27). Нагласи ги клучните зборови од стихот. Би можел да поставиш прашање за да бидеш сигурен дека станарот ја сфатил поентата (Изр. 20:5; Дела 8:30).

4. Кој е последниот чекор што треба да го направиме за да поучуваме уверливо?

4 Објасни ја практичната вредност на стиховите: Како трето, труди се да допреш до умот и срцето на станарот. Помогни му да сфати како стихот може да му користи нему лично. Ако му ја објасниме практичната вредност на Библијата, можеби ќе го поттикнеме да го смени своето размислување (Дела 17:2-4; 19:8). На пример, откако ќе го прочитаме Псалм 83:18, би можеле да спомнеме дека, ако сакаме да станеме пријатели со некого, многу е важно да знаеме како се вика. Потоа, би можеле да прашаме: „Што мислите, дали тоа што ќе го знаете Божјето име ќе ги збогати Вашите молитви?“ Ако вака го поврземе библискиот стих со личниот живот на станарот, тој ќе ја согледа неговата практична вредност. Таквото уверливо поучување за Божјата Реч ги привлекува искрените лица кон вистинскиот и жив Бог, Јехова (Ерем. 10:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели