ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/01 стр. 1
  • Како да ги увериме другите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ги увериме другите
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Да ги достигнуваме срцата со уметност на убедување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Помогни им на другите да ја прифатат пораката за Царството
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поучувај уверливо
    Нашата служба за Царството 2010
  • Како да му одговориме на секој човек?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 2/01 стр. 1

Како да ги увериме другите

1 Апостол Павле стекнал глас на уверлив министер (Дела 19:26). Дури и царот Агрипа му рекол: „Уште малку, па ќе ме убедиш да станам христијанин“ (Дела 26:28). Што ја направило службата на Павле толку уверлива? Тој логично резонирал на темел на Писмото, приспособувајќи ги своите аргументи кон слушателите (Дела 28:23).

2 Имитирајќи го Павле, и ние треба да бидеме уверливи во нашата служба. Како? Користејќи увид кога зборуваме со другите и кога ги слушаме (Посл. 16:23, NW). Во ова ќе ни помогнат три важни чекори.

3 Слушај внимателно: Додека зборува другиот, слушај за да најдеш заедничка основа врз која ќе градиш. Ако изнесе некој приговор, обиди се да согледаш кое размислување стои зад него. Тоа ќе ти помогне точно да дознаеш што верува тој, зошто верува во тоа и што го убедило во тоа (Посл. 18:13). Тактично наведи го да се изјасни.

4 Поставувај прашања: Ако некој се изјасни дека верува во тројство, би можел да го запрашаш: „Дали отсекогаш сте верувале во тројство?“ Продолжи вака: „Дали некогаш темелно сте испитале што вели Библијата на таа тема?“ Исто така, би можел да прашаш: „Ако Бог е дел од некакво тројство, зарем не би очекувале Библијата јасно да го каже тоа?“ Одговорот што ќе го добиеш ќе ти помогне да расудуваш со лицето за она што го вели Писмото.

5 Користи добро расудување: Еден Сведок запрашал една жена која верувала дека Исус е Бог: ‚Кога би се обиделе да илустрирате дека две личности се еднакви, кои роднински врски би ги употребиле?‘ Таа одговорила: „Би употребила двајца браќа“. Сведокот додал: „Можеби дури и идентични близнаци. Но, каква порака пренел Исус кога нѐ поучил да го сметаме Бог за Татко а него за Син?“ Жената ја сфатила мислата дека едниот е постар и дека има поголем авторитет (Мат. 20:23; Јован 14:28; 20:17). Нејзиниот ум и срце биле достигнати со уметноста на уверување.

6 Се разбира, не се сите приемливи за вистината, без оглед на тоа колку логична и точна е нашата презентација. Но, исто како Павле, да бидеме трудољубиви додека ги бараме оние кои се со искрени срца на нашето подрачје, уверувајќи ги за да ја прифатат пораката за Царството (Дела 19:8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели