Дали си се обидел уште при првата посета да покажеш како изгледа библиска студија?
Кога нудиме библиска студија, некои од станарите велат дека не се заинтересирани или дека веќе добиваат поуки за Библијата во својата црква. Бидејќи не знаат како ние ја проучуваме Библијата, немаат претстава што е библиска студија или колку поучна и интересна може да биде таа. Затоа, наместо само да понудиме библиска студија, би било подобро уште при првата посета да одвоиме неколку минути и да им покажеме како изгледа тоа. Да наведеме една споредба: Немој само да им кажеш на луѓето колку добар готвач си и да им понудиш следниот пат да дојдеш со јадење, туку дај им веднаш да пробаат од јадењето! Еве како би можел да го направиш тоа само за неколку минути, со помош на следниов предлог што се наоѓа на 6. страница од Нашата служба за Царството од јануари 2006 год.:
„Што мислите, дали некогаш ќе се исполнат овие зборови? [Прочитај Исаија 33:24 и почекај да одговори.] Би сакал да Ви покажам нешто интересно на таа тема“. Дај му на станарот примерок од книгата Што учи Библијата и покажи му го 22. пасус на 36. страница. Прочитај го прашањето на дното од страницата и замоли го станарот да го побара одговорот додека ти го читаш пасусот. Потоа пак постави го прашањето и слушај што ќе каже станарот. Прочитајте и некој друг стих заедно. Постави прашање што ќе биде одговорено на следната посета и договорете се кога точно да дојдеш. На овој начин ти веќе си започнал да водиш библиска студија!