Започнување студии со брошурата Бара
1 Извештаите од светот покажуваат дека брошурата Што бара Бог од нас? е една моќна алатка за да се поучуваат луѓето за вистината. Секоја седмица се започнуваат илјадници библиски студии со оваа брошура. Дали беше делотворен во започнувањето и водењето библиска студија со брошурата Бара?
2 Иако повеќето сметаат дека е лесно да се остави брошурата, на некои им е тешко да согледаат што треба да речат за да започнат студија. Кои методи биле успешни кај другите за да започнат библиски студии користејќи ја брошурата Бара? Следниве предлози ќе ти бидат од помош.
3 Понуди да прикажеш една студија: Кога ја правиме првата посета или повторна посета, наместо едноставно да му понудиме библиска студија на станарот, можеме да покажеме како ќе се води една таква студија. Тоа ќе ја отстрани таинственоста и вознемиреноста кои многу станари ги поврзуваат со зборот „студија“. Штом ќе научиме да ја прикажуваме, ќе откриеме дека со еден едноставен увод можеме директно да започнеме студија.
4 Клучот лежи во подготовката: Нашата воодушевеност во започнувањето библиски студии е директно поврзана со тоа колку добро сме се подготвиле. Претходната подготовка ќе ни помогне да надминеме секаква колебливост што можеби ја имаме во учествувањето во делото на библиски студии. Ако неколку пати ја извежбаме нашата презентација, ќе бидеме поразговорливи, ќе можеме да се изразиме природно и со сопствени зборови. Тоа не само што ќе ни помогне да се опуштиме туку исто така ќе го ослободи и станарот.
5 Кога ќе вежбаш, корисно е да измериш колку трае твојата презентација за да можеш да го информираш станарот колку време ќе ти треба за да ја прикажеш студијата. Откако ќе се претстави, еден брат вели: „Дојдов за да Ви ја прикажам нашата програма за бесплатно проучување на Библијата. Ми требаат околу пет минути за да Ви покажам. Имате ли толку време?“ Првата лекција од брошурата Бара може да се прикаже за околу пет минути. Се разбира, за тоа време можат да се прочитаат само избрани стихови, но со тоа што ќе ја завршите првата лекција за неколку минути, станарот ќе може да ја има својата прва студија. Потоа кажи му дека кога ќе се вратиш за да ја проучувате втората лекција, ќе му одземеш само 15 минути.
6 Следнава презентација се покажала делотворна:
◼ „Би сакал да Ви покажам еден многу едноставен, но сепак забрзан курс на домашна библиска студија користејќи ја оваа брошура Што бара Бог од нас? Многумина откриле дека само за 15 минути седмично во текот на 16 седмици можат да најдат задоволувачки библиски одговори на овие важни библиски прашања“. Кратко покажи ја содржината. Кога ќе свртиш на првата лекција, речи: „Ако ни допуштите околу пет минути, би сакале да Ви покажеме како оди тоа. Првата лекција е со наслов ‚Како можеш да дознаеш што бара Бог?‘“ Потоа прочитај ги трите прашања и објасни ги броевите во заградите. Прочитај го првиот пасус и покажи му на станарот како да го најде одговорот. Може да го замолиш станарот да го прочита вториот пасус. Потоа речи: „На темел на овие информации, како би одговориле Вие на ова прашање? [Повторно прочитај го прашањето и допушти станарот да коментира.] Ќе забележите дека со секој пасус се поврзани библиски стихови. Тие го насочуваат нашето внимание кон библискиот одговор на овие прашања. На пример, да прочитаме 2. Тимотеј 3:16, 17 и да видиме дали го поткрепува одговорот што го дадовте во врска со авторот на Библијата“. Откако ќе го прочиташ третиот пасус разгледувајќи го прашањето и ќе прочиташ во Јован 17:3, сврти го вниманието на станарот кон спознанието што го стекнал разгледувајќи ја првата лекција. Тогаш можеш да свртиш на втората лекција и да го прочиташ последното прашање: „Кои се два начина на кои можеме да научиме за Бог?“ Потоа прашај: „Кога ќе имате 15-тина минути за да ја обработиме втората лекција и да ги најдеме одговорите?“
7 Важно е дискусијата да биде едноставна и да се пофали станарот секогаш кога тоа е можно. Кога ќе договараш следна посета, наместо да прашаш дали сака да продолжи, едноставно охрабри го да ја следи истата постапка и за следната лекција. Кажи му дека со радост очекуваш повторно да дојдеш. Некои објавители понудиле да обработат некоја лекција преку телефон доколку било тешко да се договорат. Би можел да го охрабриш студентот да ја стави брошурата на некое безбедно, згодно место за да му биде при рака кога ќе дојдеш следниот пат.
8 Биди одлучен: Иако клучот за успехот е подготовката, мораме да бидеме одлучни да го следиме интересот. Да се предаде една лекција за неколку минути може да биде предизвик, па затоа биди одлучен да ја вежбаш презентацијата онолку пати колку што е потребно за да зборуваш течно кога ќе ја прикажуваш студијата. Обиди се да прикажеш студија со секого што ќе го сретнеш на врата, неформално и при сведочење по телефон. Ако ти е тешко да започнеш библиска студија, не се обесхрабрувај. За успех во започнувањето библиски студии потребна е одлучност и искрена желба да им ја пренесеш вистината на другите (Гал. 6:9).
9 Ако ги применуваш овие предлози, и ти ќе можеш да имаш предност да помогнеш некому на патот на животот, започнувајќи и водејќи библиска студија со брошурата Бара (Мат. 7:14).