Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 октомври
„Многумина се прашуваат дали на Бог му е сеедно кога ни е тешко или кога сме тажни. Што мислите Вие за тоа? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Псалм 34:18.] Во статијата што почнува на 19. страница се зборува за тоа како Бог ни помага да се бориме со негативните чувства, како што се чувството на безвредност, длабоката тага и претераното чувство на вина.“
Разбудете се! Октомври
„Некои сметаат дека Бог е безлична енергија. Други веруваат дека Тој е личност и дека има чувства. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Видете ја оваа интересна изјава. [Прочитај 1. Петрово 5:6, 7.] Статијата што почнува на 29. страница дава библиски одговор на прашањето: ‚Дали Бог е безлична енергија?‘“
Стражарска кула 1 ноември
„Сите сакаме да бидеме задоволни во животот. Што мислите, дали ни требаат пари за да бидеме задоволни? [Почекај да одговори.] Еден библиски писател научил како да биде задоволен дури и кога имал малку. [Прочитај Филипјаните 4:11, 12.] Во ова списание ќе прочитате за пет чекори спомнати во Библијата што ќе ни помогнат да бидеме задоволни.“
Разбудете се! Ноември
„Некои атеисти укажуваат на лошите работи што се прават во името на Бог и сметаат дека светот би бил подобар без религија. Што мислите Вие за тоа? [Почекај да одговори.] Еве една причина зошто лажната религија е одговорна за страдањата на луѓето. [Прочитај 2. Тимотеј 4:3, 4.] Во ова списание се спомнати некои недостатоци во размислувањето на атеистите.“