Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 февруари
„Што мислите, дали е можно да дознаеме каков е навистина Бог? [Почекај да одговори.] На таа тема имам нешто интересно.“ Прочитај го и обработете го заедно отпечатениот одговор на 2. прашање на 16. страница, како и еден од наведените стихови. Понуди му ги списанијата на станарот и договори се со него кога да дојдеш за да го разгледате 3. прашање.
Разбудете се! Февруари
„Бидејќи Библијата е многу стара книга, некои претпоставуваат дека не е научно точна. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Многумина се изненадени кога во Библијата ќе го прочитаат следново. [Прочитај Исаија 40:22.] Статијата што почнува на 22. страница дава одговор на прашањето: Може ли да се спојат науката и Библијата?“
Стражарска кула 1 март
„Јеховините сведоци се познати по тоа што проповедаат. Дали некогаш сте се прашање зошто го правиме тоа? [Почекај да одговори.] Сакам да Ви го прочитам одговорот. [Прочитај Матеј 24:14.] Во ова списание ќе можете да најдете одговор и на прашањата: За каква добра вест станува збор? Што е Царството? Каков крај треба да дојде?“
Разбудете се! Март
„Бидејќи многумина се борат со болести, сакаме да им покажеме на луѓето една утешна мисла. [Прочитај Исаија 33:24.] Што мислите, каков ќе биде животот кога ова ветување ќе се исполни? [Почекај да одговори.] Додека Бог да ја направи оваа промена, сите ние можеме да преземеме некои мерки за да го подобриме своето здравје. Во ова списание се зборува поопширно на таа тема.“