Дали некогаш си бил општ пионер?
1. Каква прекрасна можност имале многу објавители? Што морале некои од нив да направат?
1 Низ годините, илјадници објавители имале прекрасна можност полновремено ‚да поучуваат и да ја објавуваат добрата вест‘ (Дела 5:42). Меѓутоа, некои морале од различни причини да прекинат со пионерската служба. Ако некогаш си бил општ пионер, дали си ги преиспитал своите околности за да видиш дали можеш повторно да стапиш во таа служба?
2. Зошто оние што порано биле пионери треба да размислат за своите сегашни околности?
2 Околностите се менуваат: Можеби причината поради која си морал да прекинеш со пионерската служба повеќе не постои. На пример, ако си прекинал поради тоа што не си можел да го исполниш барањето од 90 часови месечно, дали би можел повторно да бидеш општ пионер затоа што сега се очекуваат 70 часови? Дали имаш пократко работно време или семејните обврски се помали отколку во времето кога си излегол од пионерските редови? Една сестра, која прекинала со пионерската служба од здравствени причини, повторно продолжила на возраст од 89 години. Таа подолго од една година не лежела во болница, и затоа заклучила дека здравјето повторно и дозволува да биде пионер!
3. Како би можеле да соработуваат сите во семејството за да може некој од нив да биде пионер?
3 Можеби ти не си бил порано пионер, но некој од твоето семејство прекинал со пионерската служба за да се грижи за друг член на семејството, на пример за остарениот татко или мајка (1. Тим. 5:4, 8). Ако е тоа случај, дали би можел ти или другите во семејството да помогнете повеќе околу грижата? Би било добро да зборувате за тоа како семејство (Изр. 15:22). Кога сите во семејството соработуваат за да може еден од нив да биде пионер, тогаш може со право да се рече дека сите имаат свој удел во пионерската служба.
4. Што би можел да правиш ако сега не си во можност да служиш како пионер?
4 Не разочарувај се ако твоите сегашни околности не ти дозволуваат да се вратиш во пионерските редови. Твојата спремност да го сториш тоа го радува Јехова (2. Кор. 8:12). Користи ги во својата служба вештините што си ги стекнал како пионер. Моли се во врска со својата желба да се вратиш во таа служба и биди спремен да ја искористиш шансата ако ти се променат околностите (1. Јов. 5:14). Можеби, со текот на времето, Јехова ќе ти „отвори голема врата за работа“, и пак ќе се радуваш на општата пионерска служба! (1. Кор. 16:9).