ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/11 стр. 2
  • Делотворно сведочење на улица

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Делотворно сведочење на улица
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Пронаоѓање на заинтересираните преку делотворно сведочење на улица
    Нашата служба за Царството 1994
  • Проповедај ја добрата вест насекаде
    Нашата служба за Царството 1996
  • Нови видови сведочење на јавни места
    Нашата служба за Царството 2013
  • Нов и интересен начин на сведочење на јавни места
    Нашата служба за Царството 2014
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 6/11 стр. 2

Делотворно сведочење на улица

1. Во која активност можеме да се угледаме на Исус?

1 За време на својата служба на Земјата, Исус не се колебал да зборува со луѓето што ги сретнувал на пат или на други јавни места (Лука 9:57-61; Јован 4:7). Сакал да им ја пренесе најважната порака на колку што е можно повеќе луѓе! Денес, сведочењето на улица е одличен начин да им се помогне на луѓето да ја стекнат мудроста што доаѓа од Бог (Изр. 1:20). Ќе бидеме поуспешни ако преземаме иницијатива и ако исправно ги проценуваме работите.

2. Зошто треба да преземаме иницијатива кога сведочиме на улица?

2 Преземи иницијатива: Обично е подобро ние да им пристапиме на луѓето отколку да стоиме или да седиме на едно место чекајќи тие да ни пристапат нам. Насмевни се, погледни ги во очи и биди опуштен и срдечен. Ако си во служба на јавно место со други објавители, би било најдобро секој сам да сведочи. Иницијатива е потребна и за да најдеш начин да го продолжиш разговорот со лицето кое покажувало интерес. Ако е соодветно, на крајот од разговорот, љубезно прашај како би можеле повторно да стапите во контакт. Некои објавители редовно сведочат на улица на истото место, што им овозможува да разговараат со исти луѓе и да го поттикнуваат нивниот натамошен интерес.

3. Кои работи треба добро да ги процениме кога сведочиме на улица?

3 Добро проценувај: Треба добро да процениш каде ќе стоиш додека сведочиш и кому ќе му пристапиш. Не мора да го застанеш секој минувач. Внимателно набљудувај. На пример, ако лицето брза, би било најдобро да го пуштиш да помине. Кога сведочиш пред некој деловен објект, не прави го тоа наметливо за директорот на фирмата да не се чувствува принуден да преземе некакви мерки. Обично е подобро да им сведочиме на оние што излегуваат од објектот отколку на оние што влегуваат. Пристапи им на начин кој нема да ги исплаши или да ги изненади. Исто така, добро процени каква литература ќе понудиш. Ако лицето покажува мал интерес, понуди му трактат, наместо списанија.

4. Зошто може да се рече дека проповедањето на улица е корисен и пријатен начин на сведочење?

4 Сведочењето на улица ни овозможува за кратко време да го посееме семето на вистината во многу срца (Проп. 11:6). Некои луѓе што ќе ги сретнеме можеби се истите што не сме ги нашле дома кога сме биле во службата од куќа до куќа. Затоа, би било добро да си поставиме цел да проповедаме на улица. Тоа е еден делотворен и пријатен начин на сведочење!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели