ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/96 стр. 3-6
  • Проповедај ја добрата вест насекаде

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проповедај ја добрата вест насекаде
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Искористувај ги најдобро што можеш нашите списанија
    Нашата служба за Царството 1995
  • Пронаоѓање на заинтересираните преку делотворно сведочење на улица
    Нашата служба за Царството 1994
  • Нови видови сведочење на јавни места
    Нашата служба за Царството 2013
  • Како да се проповеда на деловно подрачје?
    Нашата служба за Царството 2004
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 9/96 стр. 3-6

Проповедај ја добрата вест насекаде

1 Раните христијани ја проповедале добрата вест насекаде. Биле толку ревни што во рок од 30 години од воскресението на Исус Христос, пораката за Царството била ‚проповедана на секое поднебесно создание‘ (Кол. 1:23).

2 Денешните Јеховини верни слуги ја имаат истата цел — доколку е можно да го достигнат секого со добрата вест за Царството. Што може да ни помогне да ја постигнеме оваа цел? Сѐ повеќе и повеќе луѓе работат цело работно време и често не се дома кога ги посетуваме. Кога не работат, тие можеби патуваат, купуваат или се занимаваат со некој вид рекреација. Како се достигнати достојните меѓу нив со пораката за Царството? (Мат. 10:11).

3 Со некои се стапило во контакт на нивното работно место. Дури и малите градови имаат деловен кварт каде што многу луѓе го поминуваат поголемиот дел од денот. Во големите градови, луѓето кои работат во индустриски зони или во канцеларии во високоградби, како и оние кои живеат во згради со високо обезбедување, добиваат сведоштво — многумина за првпат. За време на викендите, се увидело дека некои со кои се стапило во контакт додека се одморале во парковите, на местата за рекреација, во камповите или во викендичките или, пак, додека чекале на паркиралиштата или во чаршиите, се поволно расположени за добрата вест.

4 Сѐ поголем број објавители прават посебен напор за да сведочат на јавни места, секаде каде што можат да се најдат луѓе. На почетокот, овие Сведоци се чувствувале колебливо и некако нервозно, затоа што биле навикнати да проповедаат во поформални рамки, како од куќа до куќа. Како се чувствуваат сега?

5 „Тоа повторно ми ја оживеа службата!“ извикал еден искусен брат. Друг, пак, додава: „Тоа ми го концентрира вниманието“. Еден постар пионер забележува: „Тоа ме освежи душевно, физички и духовно . . . и јас сѐ уште растам“. Еден објавител забележува дека сега достигнува многу луѓе кои никогаш порано не зборувале со Јеховините сведоци. Младите луѓе се исто така зафатени со духот на ова радосно дело. Еден млад човек се изразува на следниов начин: „Забавно е бидејќи стапуваш во разговор со толку многу луѓе“. Друг, пак, вели: „Давам повеќе литература од кога и да било порано!“ Сето ова се случува во подрачје кое се обработува секогаш одново.

6 Патувачките надгледници преземаат водство: Признавајќи дека „се менува обликот на овој свет“, неодамна Заедницата предложи патувачките надгледници, од седмица во седмица, да го приспособуваат својот распоред за служба на подрачјето за да можат да бидат достигнати со добрата вест колку што е можно повеќе луѓе (1. Кор. 7:31). Со години, покраинските надгледници ги одвојувале претпладнињата во текот на седмицата за да учествуваат во делото од куќа до куќа, додека попладнињата биле посветувани на правење повторни посети и водење домашни библиски студии. Во некои подрачја, тој распоред можеби е сѐ уште практичен. Во други, пак, можеби малку се постигнува кога се работи од куќа до куќа за време на некои претпладниња во текот на седмицата. Во такви случаи, можеби патувачкиот надгледник ќе заклучи дека рано во денот би било добро да се учествува во делото од продавница до продавница или во сведочење на улица. Или, можеби ќе уреди мали групи да сведочат во канцелариите во високоградбите, во трговските подрачја, на паркиралиштата или на други јавни места. Со тоа што објавителите поефикасно го употребуваат расположливото време за служба на подрачјето, ќе се стапи во контакт со многу повеќе луѓе.

7 Извештаите покажуваат дека ова приспособување било многу добро примено како од патувачките надгледници така и од објавителите. Голем број старешинства го поканиле патувачкиот надгледник за да обучи неколку објавители за оние гранки од службата на кои треба да им се обрне внимание локално. Било корисно тоа што овие објавители го придружувале патувачкиот надгледник додека тој учествувал во една од овие активности. Тие, пак, од своја страна, можеле да обучат други (2. Тим. 2:2). Како резултат на тоа, сега се достигнуваат повеќе луѓе со добрата вест.

8 Се разбира, ти не мора да чекаш да дојде на посета покраинскиот надгледник за да се обидеш со некои од овие други начини на проповедање. Еве различни идеи за кои можеби ќе увидиш дека се практични на твоето подрачје:

9 Сведочење на улица: ‚Каде се сите овие луѓе?‘ се чудиме понекогаш додека посетуваме некое пусто станбено подрачје во некое претпладне во текот на седмицата. Некои може да се најдат како трчаат по работа или купуваат. Дали си се обидел да ги достигнеш преку сведочење на улица? Кога тоа е правилно направено, оваа гранка од службата може да биде многу продуктивна. Наместо да стоиш со списанијата на едно место, најдобро е да им се приближиш на луѓето и да започнеш пријателски разговор. Не е неопходно да му даваш сведоштво на секој минувач. Зборувај со оние кои не се во брзаница, како што се оние кои ги разгледуваат излозите, оние кои се во паркирани автомобили или луѓето што чекаат јавен превоз. На почетокот можеш едноставно пријателски да го поздравиш и чекај одговор. Ако лицето е спремно да разговара, прашај го за негово мислење во врска со темата за која мислиш дека можеби ќе го интересира.

10 Еден патувачки надгледник поканил шест објавители да ги придружуваат него и неговата сопруга во сведочење на улица. Со какви резултати? „Имавме прекрасно претпладне!“ известува тој. „Не се случи никој ‚да не биде дома‘. Беа поделени осумдесет списанија и многу трактати. Имавме неколку поттикнувачки разговори. Еден од објавителите, кој учествуваше во делото на улица за првпат, извика: ‚Во вистината сум со години и не сум сфаќал што пропуштам!‘ На крајот од седмицата, преполната собраниска залиха со списанија беше истрошена.“

11 Додека служел во друго собрание, истиот патувачки надгледник дознал дека неколку објавители учествувале во сведочење на улица едно рано претпладне, но имале само ограничен успех. Една сестра зборувала само со две лица во текот на целото време на сведочење, додека сите други што ги среќавала брзале за на работа. Патувачкиот надгледник им предложил на сите нив да се вратат на истата улица, ама малку подоцна претпладне. Го сториле тоа, и останале сѐ до пладне. Сестрата која имала само два разговора во раното претпладне, постигнала многу повеќе кога се вратила. Таа поделила 31 списание и 15 брошури, добила имиња и адреси од седум поединци, и започнала две домашни библиски студии! Другите во групата имале слични охрабрувачки резултати.

12 Кога ќе најдеш некој кој покажува интерес, обиди се да го добиеш името на лицето, адресата и телефонскиот број. Наместо директно да бараш информации, би можел да речеш: „Уживав во овој разговор. Има ли некој начин да можеме да го продолжиме во некое друго време?“ Или прашај: „Постои ли некој начин да дојдам до Вас дома?“ Многу со кои се контактирало на овој начин се сложиле за повторна посета. Осигурај се дали имаш доволно залиха летоци за да ги користиш додека ги каниш оние што би сакале да присуствуваат на нашите состаноци.

13 Ако зборуваш со некое заинтересирано лице кое живее во подрачје кое е доделено на друго собрание, би требало да ги доставиш информациите до тоа собрание за да можат браќата да продолжат да го следат интересот. Дали сведочењето на улица би бил делотворен начин да се шири добрата вест во твоето подрачје? Ако да, разгледај ја статијата „Пронаоѓање на заинтересираните преку делотворно сведочење на улица“ во изданието на Наша служба за Царството од јули 1994. Потоа уреди да учествуваш во сведочењето на улица во некое прикладно време од денот, што ќе ти овозможи да достигнеш колку што е можно повеќе луѓе.

14 Сведочење во јавен превоз: Едно претпладне, извесен број пионери решиле да им сведочат на луѓето кои чекале автобус, во близината на еден локален колеџ. Иако имале некои пријатни разговори, имало еден проблем. Кога веќе дискусијата ќе тргнела, ќе дојдел автобус и разговорот нагло ќе се прекинел. Пионерите го решиле проблемот со тоа што и тие ќе се качеле во автобусот и ќе продолжеле да им сведочат на патниците додека патувале низ градот. На крајот од линијата, пионерите ќе се врателе патувајќи со автобусот, сведочејќи додека се возеле. После неколку патувања назад и напред, тие ги изброиле резултатите од нивните напори: биле врачени преку 200 списанија и биле започнати шест библиски студии. Некои патници спремно ги дале своите адреси и телефонскиот број за да може да бидат посетени дома. Следната седмица, пионерите се вратиле на автобуската станица и постапиле според истата метода како претходно. Врачиле 164 списанија и започнале уште една библиска студија. На една станица, во автобусот се качил еден патник и седнал на единственото слободно седиште — до еден пионер. Тој погледнал во братот и со насмевка му рекол: „Знам, Вие имате за мене Стражарска кула“.

15 Многу објавители даваат делотворно сведоштво додека патуваат со автобус, со воз или со авион. Како можеш да започнеш разговор со патник кој седи покрај тебе? Еден 12-годишен објавител, едноставно, во автобусот почнал да чита примерок од Разбудете се!, надевајќи се да ја побуди љубопитноста на една тинејџерка која седела до него. Тоа успеало. Девојката го прашала што чита, а младото момче одговорило дека чита нешто во врска со решението на проблемите со кои мораат да се соочуваат младите луѓе. Додал дека тој извлекол огромна корист од статијата и дека би можела да ѝ помогне и неа. Таа радо ги прифатила списанијата. Нивниот разговор го слушале некои млади кои исто така побарале примероци од списанијата. На тоа, возачот на автобусот застанал настрана од патот и прашал зошто имало толку голем интерес за овие списанија. Кога открил, и тој прифатил примероци. Се разбира, сето ова не би било возможно ако младиот објавител немал доволна залиха списанија за да ги подели на секој кој покажал интерес!

16 Сведочење во паркови и на паркиралишта: Сведочењето во паркови и на паркиралишта е одличен начин да се достигнат луѓето. Дали си се обидел да сведочиш на некое место за паркирање во некој трговски центар? Секогаш земи си неколку минути за да ја набљудуваш твојата околина. Побарај некој кој не е во брзање или кој чека во паркиран автомобил и обиди се да покренеш пријателски разговор. Ако разговорот продолжува, пренеси му ја веста за Царството. Обиди се да работиш одделно, но со некој друг објавител во близината. Избегнувај да носиш голема, огромна ташна или, пак, на други начини да го привлекуваш вниманието врз твојата работа. Биди дискретен. Можеби ќе биде најдобро да поминеш само кратко време на едно паркиралиште, а потоа да се преместиш на друго. Ако некој не сака да разговара со тебе, учтиво продолжи си го патот и побарај некој друг за да му се приближиш. Користејќи ги овие методи, еден брат врачил 90 списанија за еден месец додека сведочел на паркиралишта.

17 Некои луѓе одат в парк за да се одморат; други одат за да играат некоја игра или да поминат време со своите деца. Без претерано да ги попречуваш нивните активности, биди спремен на некоја прилика за да дадеш сведоштво. Еден брат започнал разговор со чуварот на паркот и увидел дека тој е загрижен во врска со дрогата и со иднината на своите деца. Била започната домашна библиска студија и редовно била водена во паркот.

18 Неформално сведочење во чаршии: Иако секогаш не е можно во чаршиите да се проповеда формално од продавница до продавница поради локалните ограничувања на таквите активности, некои објавители си создаваат можности да сведочат таму неформално. Седнуваат на некоја клупа и започнуваат пријателски разговор со другите кои застануваат да се одморат. Кога ќе се покаже интерес, тие дискретно нудат трактат или списание и настојуваат да направат подготовки за повторна посета. Откако ќе поминат неколку минути сведочејќи во еден дел од чаршијата, продолжуваат во друг дел и воведуваат некој друг во разговор. Секако, треба да се води грижа за да не се привлече претерано внимание додека се сведочи неформално на ваков начин.

19 Кога ќе го поздравиш лицето, започни го разговорот со пријателски тон. Ако твојот слушател реагира, постави прашање, потоа слушај го внимателно додека тој се изјаснува. Покажи личен интерес за она што го кажува. Покажи дека го цениш неговото мислење. Каде што е можно, согласи се со него.

20 Една сестра имала прекрасен разговор со некоја постара жена со тоа што спомнала колку високи станале животните трошоци. Жената веднаш се сложила и резултатот бил еден жив разговор. Сестрата можела да ги добие името и адресата на жената и истата седмица била направена повторна посета.

21 Работење од продавница до продавница: Некои собранија, како дел од своето доделено подрачје, имаат деловни реони. Братот кој се грижи за подрачјето, можеби ќе подготви посебни картички со мапа на овие густо концентрирани деловни квартови. Сите картички со мапи на станбени подрачја што се поклопуваат со нив, треба јасно да покажуваат дека деловните не треба да се работат како дел од подрачјето. На други подрачја, деловните места можат да се обработуваат заедно со станбените. Старешините можат да повикаат оспособени објавители редовно да ги обработуваат деловните подрачја за да не биде запоставено делото од продавница до продавница.

22 Ако си повикан да учествуваш во ова дело, а не си го правел тоа никогаш порано, добар начин да ‚собереш храброст‘ е најпрвин да обработиш неколку помали продавници; потоа, кога ќе се чувствуваш посигурен, работи во поголемите (1. Сол. 2:2, НС). Кога работиш од продавница до продавница, облечи се како што би се облекол за да присуствуваш на состанок во Салата на Царството. Ако е можно, влези во продавницата кога нема муштерии кои чекаат за да бидат послужени. Замоли да зборуваш со шефот или со лицето што е одговорно. Биди срдечен, а над сѐ, биди краток. Нема потреба многу да се извинуваш. Многу фирми се ориентирани кон муштериите и се навикнати да очекуваат прекинувања.

23 Откако ќе го поздравиш продавачот, би можел да речеш: „Деловните луѓе имаат толку исполнет распоред што ретко ги наоѓаме дома, затоа Ве посетуваме тука на Вашето работно место за да Ви оставиме да прочитате една статија која навистина ги поттикнува мислите“. Потоа, дај еден или два коментара за списанието што го нудиш.

24 Или, кога му пристапуваш на некој шеф, би можел да се обидеш со ова: „Забележавме дека деловните луѓе прават посебни напори за да бидат добро информирани. Последното издание од Стражарска кула (или Разбудете се!) истакнува една статија што нѐ погодува сите нас лично“. Објасни која е таа и заклучи со зборовите: „Сигурни сме дека ќе уживате додека ја читате“.

25 Ако има лица кои се вработени и ако е прикладно, би можел да додадеш: „Дали би имале нешто против ако им дадам кратка презентација на Вашите вработени?“ Ако ти е дадена дозвола, запомни дека ти си ветил дека ќе бидеш краток, а шефот ќе очекува да си го одржиш зборот. Ако некои од вработените сакаат да навлезат во една долга дискусија, би било најдобро да ги посетиш дома.

26 Неодамна, неколку објавители во едно гратче му се придружиле на покраинскиот надгледник во делото од продавница до продавница. Некои од објавителите на почетокот се плашеле, бидејќи никогаш порано не учествувале во тоа дело; но наскоро се ослободиле и почнале да уживаат во него. За помалку од еден час, зборувале со 37 луѓе и врачиле 24 списанија и 4 брошури. Еден брат забележал дека нормално, за еден месец, во делото од куќа до куќа не би можеле да контактираат со толку многу луѓе како што тоа го сториле за тоа кратко време додека работеле од продавница до продавница.

27 Создавај можности за да проповедаш: Исус не го ограничувал своето сведочење на формални рамки. Тој ја ширел добрата вест во секоја погодна прилика (Мат. 9:9; Лука 19:1—10; Јован 4:6—15). Забележи како некои објавители си создаваат можности да проповедаат.

28 Некои си стекнуваат навика да им сведочат на родителите кои ги чекаат своите деца, близу до влезот на училиштето. Со оглед на тоа што многу родители пристигнуваат и до 20 минути порано, има време да ги вклучиме во еден поттикнувачки разговор на некоја библиска тема.

29 Многу пионери се свесни дека треба да ги достигнат луѓето, кои можеби имаат посебен интерес за одредена тема за која станува збор во нашите списанија. На пример, една сестра добила добри реакции кога на нејзиното собраниско подрачје посетила шест училишта со серијата „Училиштата во криза“, која излезе во Разбудете се! од 22 декември 1995 (хрв.). Таа посетила и служби за грижа за семејството со списанија во врска со семејниот живот и злоупотребата на деца, а ѝ била дадена и отворена покана да наврати со следните изданија во кои станува збор за слични теми. Реакцијата што ја добила од канцеларијата за невработени, во врска со Разбудете се! од 8 јуни 1996 за невработеноста, била опишана како „нешто убедливо“.

30 Еден обласен надгледник известува дека тој и неговата сопруга редовно сведочат неформално додека си купуваат прехранбени продукти. Купуваат во време од денот кога во продавницата нема многу гужва, а муштериите одат во редовите горе-долу, со бавно темпо. Тие известуваат за многу добри разговори.

31 Многу објавители известуваат добри резултати додека им сведочеле на луѓето во јавните перални. Тие не оставаат едноставно списанија кога таму нема никој. Нивна цел е да ги достигнат луѓето со добрата вест, па затоа настојуваат лично да зборуваат со оние кои го користат објектот.

32 Во некои места, избрани објавители имаат овластување да сведочат на аеродроми. Понекогаш ја имале радоста да им сведочат на меѓународни патници кои живеат во земји каде што Јеховиниот народ е малку на број. Онаму каде што нашле интерес, тие понудиле трактат или списанија.

33 Ако не им било дозволено лично да им сведочат на станарите од зградите со високо обезбедување, кои се на подрачјето на собранието, некои си стекнале навика тактично да им сведочат на чуварите на безбедноста кои се на должност или на шефовите на канцелариите каде што се издаваат станови. Истата метода се користи и во приватните заедници, кои се заградени. Еден покраински надгледник и неколку објавители на овој начин посетиле седум комплекси од згради. Во сите случаи, тие му кажале на шефот дека иако немаат дозвола да ги посетуваат зградите на нашиот вообичаен начин, тие не сакаат тој да ги пропушти информациите од последните весници. Шефовите на сите седум комплекси радо ги прифатиле списанијата и ги побарале следните броеви! Потоа, со жителите на таквите комплекси се контактирало по телефон. Практични информации на темата за сведочење по телефон ќе најдеш во додатокот „Сведочење по телефон — начин да се достигнат мнозина“, од Наша служба за Царството од август 1993.

34 Напрегај се да проповедаш насекаде: Да живееме според нашето предание вклучува да имаме чувство на итност во врска со нашата задача да ја проповедаме пораката за Царството. За да ги достигнеме луѓето во време што е пригодно за нив, треба да ги оставиме настрана нашите лични склоности за ‚по каков и да било начин да спасиме некого‘. Сите предадени слуги на Јехова сакаат да можат да речат, како што рекол апостол Павле: „А ова го правам поради Евангелието, за да бидам учесник во Него“ (1. Кор. 9:22, 23).

35 Понатаму, Павле напишал: „Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите немоќи, за да се всели во мене силата Христова . . . оти кога сум слаб, тогаш сум силен“ (2. Кор. 12:9, 10). Со други зборови, ниту еден од нас не би можел да го изврши ова дело со своја сопствена сила. Треба да го молиме Јехова за неговиот моќен свет дух. Ако го молиме Јехова за сила, можеме да бидеме сигурни дека тој ќе одговори на нашите молитви. Тогаш, нашата љубов кон луѓето ќе нѐ покрене да бараме можности за да им ја проповедаме добрата вест, секаде каде што можат да се најдат. Зошто во текот на следната седмица не испробаш еден од предлозите кои се изнесени во овој додаток?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели