Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во јули
„Во последниве години луѓето сѐ повеќе се интересираат за ангелите. Мислите ли дека навистина постојат ангели? [Почекај да одговори.] Видете што вели овде.“ Дај му на станарот една Стражарска кула од 1 јули и разгледајте го текстот под првиот поднаслов на 16. страница. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате одговорот на следното прашање.
Стражарска кула 1 јули
Прочитај Псалм 65:2. Потоа речи: „Мнозина се согласуваат со тоа дека Бог ‚ги слуша молитвите‘ и му се молат секој ден. Но, други ќе речат: ‚Ако постои Бог, зошто има толку проблеми во светот?‘ Што мислите Вие? Дали Бог ги слуша нашите молитви? [Почекај да одговори.] Во ова списание ќе го најдете библискиот одговор на прашањето: ‚Зошто оној што ги слуша молитвите ги допушта страдањата?‘“
Разбудете се! Јули
„Кога би можеле да смените едно нешто во светот, што би било тоа? [Почекај да одговори.] Библијата кажува зошто луѓето се ограничени во своите стремежи. [Прочитај Еремија 10:23.] Во ова списание е објаснето какви промени има намера Бог да направи.“