Извлечи корист од програмата на Теократската школа за служба за 1999
1 Исус бил Големиот Учител. Луѓето ‚се чуделе на Неговата наука‘ (Мар. 1:22). Иако никој од нас не може да зборува и да поучува толку добро како Исус, ние можеме да настојуваме да го имитираме (Дела 4:13). За таа цел, нашето учество во програмата на Теократската школа за служба ќе ни помогне постојано да ги подобруваме нашите вештини за говорење и поучување.
2 Во 1999, задачата бр. 1 ќе се темели главно на статии од списанијата Стражарска кула и Разбудете се! од 1997. Нашето разбирање на духовните работи ќе биде многу подобрено ако однапред ги читаме овие информации и потоа ги слушаме на програмата во школата. Оние кои се доделени да ги изнесат тие поучни говори треба да ја кажат практичната примена на материјалот, изнесувајќи го на еден интересен и жив начин. Задачата бр. 3 ќе се темели на книгата Семејна среќа, а задачата бр. 4 на брошурката Библиски теми за дискусија, иако изворниот материјал за овие задачи може да биде наизменичен. Надгледникот на школата треба внимателно да го разгледа материјалот пред да ги додели деловите. Сите ученици на кои им е доделено да изнесат материјал од книгата Семејна среќа треба да бидат добар пример во нивниот семеен живот.
3 Примени го советот и добро подготвувај се: Секој може уште повеќе да се подобрува во уметноста на говорење и поучување (1. Тим. 4:13). Затоа, треба да бараме совет и никогаш да не го сметаме за нешто што треба да се избегнува (Изр. 12:15; 19:20). За да се изнесе вистината делотворно на состаноците и во службата на теренот, потребно е повеќе отколку само механички да се раскажат факти или да се прочитаат стихови. Треба да допреме до срцата и да ги мотивираме оние кои нѐ слушаат. Тоа можеме да го направиме ако ја кажуваме вистината убедливо и од срце. (Спореди Дела 2:37.) Советот што го добиваме во школата ќе ни помогне да го постигнеме тоа.
4 Штом ќе добиеш некоја задача, размисли за говорните одлики на кои треба да работиш и кои се објаснети во брошурата Како да се подобри способноста. Размисли што треба да направиш за да го примениш советот што си го примил претходно. Размислувај за темата, за рамката што ќе ја употребиш ако тоа се бара, и како ќе ги примениш стиховите што се наоѓаат во материјалот што ти е доделен. Длабоко размисли како најдобро да ги употребиш тие информации за да поучиш и за да мотивираш (1. Тим. 4:15, 16).
5 Ако се плашиш да се запишеш во школата, моли се за тоа и потоа дискутирај за своите чувства со надгледникот на школата. Секој може да извлече корист ако потполно ја искористи програмата што ќе биде изнесена во Теократската школа за служба во 1999.