Прашања
◼ Кога треба да се остави литература?
Тоа најмногу зависи од интересот на човекот. Ако е навистина заинтересиран, можеме да му оставиме две списанија, или брошура, книга или друга публикација што ја нудиме. Ова е случај дури и кога ќе видиме дека може да донира само малку или дека нема што да донира за делото ширум светот (Јов 34:19; Отк. 22:17). Од друга страна, нашата скапоцена литература нема да им ја оставаме на лица што не ја ценат (Мат. 7:6).
По што се гледа дали станарот има интерес? Еден показател е дали е спремен да разговара со нас. Ако внимателно нѐ слуша додека му зборуваме, одговара на прашањата и го изразува своето мислење, тоа покажува дека е вклучен во разговорот. Ако следи додека читаме од Библијата, тогаш има почит кон Божјата Реч. Честопати, можеме да видиме дали е заинтересиран ако го прашаме дали сака да ја чита литературата што ја нудиме. Објавителите треба добро да проценат дали некој се интересира за она што му го зборуваме. На пример, додека сведочиме на улица, не би било соодветно на секој што ќе помине покрај нас да му дадеме списанија, брошури, или книги. Ако не можеме да процениме дали некој е заинтересиран, подобро би било да му дадеме покана или трактат.
Исто така, колку литература ќе подигне еден објавител од штандот за литература зависи од тоа колку му треба за да ја врши службата, а не од тоа колку може да приложи. Прилозите не се наменети да се плати литературата, туку да се покријат трошоците за сите аспекти од проповедничкото дело во целиот свет. Без оглед на нашите финансиски можности, ценењето ќе нѐ поттикне великодушно да даваме од нашата немаштија, а не од нашиот вишок, како поддршка за делото за Царството (Мар. 12:41-44; 2. Кор. 9:7). Исто така, тоа ќе нѐ поттикне да земаме само онолку литература колку што ни е потребно, и да не се расфрламе со приложените средства.
[Истакната мисла на страница 2]
Објавителите треба добро да проценат дали некој е заинтересиран