Добар начин да уживаме во теократските песни
За Божјите слуги, музиката е дар од Јехова (Јак. 1:17). Многу собранија уживаат во теократските песни кои се пуштаат во позадина пред и по состаноците. Оваа музика е прекрасен начин да им се изрази добредојде на присутните. Ни помага да бидеме психички спремни за програмата. Освен тоа, кога се пуштаат поновите мелодии од нашата песнарка, подобро се запознаваме со нив и можеме точно да ги пееме песните. Откако ќе заврши состанокот, таквата музика помага да се задржи пријатна атмосфера во која можеме да водиме охрабрувачки разговори. Затоа, старешинствата треба да се погрижат да се пуштаат снимки од пијано изведбата на теократските песни пред и по состанокот. Тие треба да водат сметка музиката да не биде прегласна и да не ги попречува разговорите.