Две парички
Еден важен начин на кој го поддржуваме Царството е така што даваме материјални прилози за меѓународното проповедничко дело. Но, што ако немаме многу во финансиски поглед?
Во една прилика, Исус видел како една сиромашна вдовица пушта две парички во садовите за прилози во храмот. Љубовта кон Јехова ја поттикнала да даде ‚од својата немаштија сѐ што имала за живот‘ (Марко 12:41-44). Исус го забележал тоа, што покажува дека нејзиниот прилог бил многу вреден за Бог. Слично, и христијаните од првиот век не сметале дека само богатите соверници треба финансиски да ја поддржуваат службата. Апостол Павле ги посочил како пример браќата од македонските собранија кои, и покрај ‚нивното крајно сиромаштво, сесрдно молеле и преколнувале да го приложат својот великодушен дар‘ (2. Кор. 8:1-4).
Значи, дури и ако можеме да приложиме само ‚две парички‘, не треба да заборавиме дека од голем број мали прилози се добива голема сума. Кога даваме од срце, нашиот великодушен небесен Татко се радува, зашто „Бог го сака веселиот дарител“ (2. Кор. 9:7).