Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во јуни
Прочитај Исаија 42:8. Потоа речи: „Според ова, Бог има име. Што мислите, важно ли е да го користиме Божјето име? [Почекај да одговори.] Видете што вели овде.“ Дај му на станарот една Стражарска кула од 1 јуни и разгледајте го текстот под првиот поднаслов на 16. страница. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате одговорот на следното прашање.
Стражарска кула 1 јуни
„Би сакал да чујам што мислите во врска со една важна тема. [Отвори на 3. страница и покажи ги четирите точки.] Според Вас, која од овие четири точки најдобро ја опишува Библијата? [Почекај да одговори.] Видете што вели самата Библија за себе. [Прочитај Римјаните 15:4.] Во ова списание се разгледани пет работи што ја прават Библијата посебна книга, а објаснето е и како може таа да ни помогне во животот.“
Разбудете се! Јуни
„Секоја година, милиони луѓе во светот се разболуваат од небезбедна храна. Според Вас, колку безбедна храна јадеме ние? [Почекај да одговори.] Во ова списание се разгледани четири начини на кои можеме да си го заштитиме семејството од болести преносливи преку храна. Во него е разгледано и библиското ветување дека наскоро за сите ќе има изобилство здрава храна.“ Прочитај Псалм 104:14, 15.