Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во мај
„Дали според вас религијата придонесува за љубов и мир или за омраза и насилство? [Почекај да одговори.] Би сакал да ви покажам нешто интересно на таа тема.“ Дај му на станарот една Стражарска кула од 1 мај и разгледајте го текстот под првиот поднаслов на 16. страница и барем еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате одговорот на следното прашање.
Стражарска кула 1 мај
„Многу луѓе мислат дека е во ред религијата да биде вклучена во политика, а други, пак, сметаат дека религијата и политиката не треба да се мешаат. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Видете како реагирал Исус во една прилика кога луѓето сакале и тој да се вклучи во тогашната политика. [Прочитај Јован 6:15.] Во ова списание ќе прочитате зошто Исус реагирал така и кој е најдобриот начин на кој христијаните можат да им помогнат на луѓето.“
Разбудете се! Мај
„Речиси сите со кои зборуваме велат дека некогаш доживеале неправда. Што мислите, има ли решени за неправдите? [Почекај да одговори.] Еве едно пророштво за еден владетел кој ќе им стави крај на сите неправди. [Прочитај Псалм 72:11-14.] Ова списание зборува за библиското ветување за подобро утре“.