Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во октомври
„Веројатно ќе се согласите дека животот е краток. Мислите ли дека еден ден ќе можеме да ги искорениме болестите и да го продолжиме нашиот животен век? [Почекај да одговори.] Видете што пишува тука.“ Дај му на станарот една Стражарска кула од 1 октомври и разгледајте го заедно текстот под првиот поднаслов на 16. страница и наведениот стих. Понуди ги двете списанија и договори се кога да дојдеш за да го разгледате следното прашање.
Стражарска кула 1 октомври
„Многу луѓе се загрижени поради степенот на корупција во бизнисот и политиката. Дали мислите дека може нешто да се стори за да се реши овој проблем? [Почекај да одговори.] Видете што ќе направи Исус за оние што страдаат поради корупцијата. [Прочитај Псалм 72:12-14.] Ова списание покажува како наскоро ќе ѝ биде ставен крај на корупцијата.“
Разбудете се! Октомври
„Повеќето родители сакаат нивните деца да стекнат добро образование. Дали мислите дека денес, кога младите ќе излезат од училиште, се спремни за она што го носи животот? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата за тоа колку е важно да се стекнат знаење и мудрост. [Прочитај Проповедник 7:12.] Ова списание дава пет практични предлози кои можат да им помогнат на децата да бидат добри ученици.“