Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во октомври
„Денес накратко ги посетуваме луѓето за да позборуваме за една добра влада. Што мислите, дали некоја влада може да ги отстрани тешките проблеми, како што се криминалот и неправдите?“ Почекај да одговори. Потсети го станарот дека, во молитвата позната како Оченаш, Исус ги поучил своите следбеници да се молат да дојде една таква влада, односно Божјето Царство. Покажи му ја статијата на последната страница од Стражарска кула од 1 октомври и разгледајте го заедно текстот под првото прашање и барем еден од наведените стихови. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Стражарска кула 1 октомври
„Накратко разговараме со луѓето за зборовите од една позната молитва за која Исус ги поучил своите следбеници. [Прочитај Матеј 6:9, 10.] Дали некогаш си имал можност да дознаеш што е Божјето Царство и зошто Исус толку многу зборувал за него додека поучувал? [Почекај да одговори.] Од ова списание ќе дознаете што вели Библијата за Божјето Царство и какви благослови ќе донесе тоа на Земјата.“
Разбудете се! октомври
„Накратко ги посетуваме луѓето за да им помогнеме да го дознаат одговорот на ова прашање. [Покажи ја насловната страница од списанието.] Дали мислите дека за некој да биде успешен мора да биде богат? [Почекај да одговори.] Во Библијата пишува дека треба да имаме урамнотежено гледиште за материјалните работи. [Прочитај Лука 12:15.] Според тоа, секој човек може да биде вистински успешен. Во ова списание може да прочитате како.“