Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во декември
„Во ова време од годината многу луѓе размислуваат за Исус. Што мислите, што е најважното нешто што го направил тој? [Почекај да одговори.] Видете го насловот на оваа статија на 16. страница.“ Потоа дај му на станарот една Стражарска кула од 1 декември и разгледајте го заедно текстот под еден од поднасловите и најмалку еден од наведените стихови. На крајот, договори се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Стражарска кула 1 декември
„Секој од нас би сакал другите да го памтат по добро. Што мислите, по што треба да го памтиме Исус Христос? [Почекај да одговори.] Во периодот околу Божиќ многу луѓе го замислуваат како беспомошно бебе, но видете што вели Библијата за него. [Прочитај Јован 4:42.] Како Исус Христос ќе го спаси светот? [Сврти на 4. страница и прочитај го последниот пасус од статијата.] Во оваа статија се спомнати две други важни улоги што ги имал Христос по кои треба да го памтиме.“
Разбудете се! Декември
„Денес многу луѓе чувствуваат притисок и стрес. Дали забележувате дека денес луѓето полесно го губат трпението од порано? [Почекај да одговори.] Некои сметаат дека живееме во тешките времиња проречени во 2. Тимотеј 3:1. [Прочитај.] Во ова списание е објаснето зошто нестрпливоста е штетна и дадени се предлози како да бидеме пострпливи.“