Нашата официјална веб-страница — користи ја во служба на проповедање
Упати ги луѓето на нашата веб-страница: Некои што не сакаат да разговараат со нас или да земат литература се поспремни да прочитаат нешто за Јеховините сведоци на нашата веб-страница во приватноста на својот дом. Затоа, упатувај ги другите на неа, секогаш кога тоа е соодветно.
За да одговориш на прашања: Понекогаш станарот, интересентот или некој познајник ќе праша нешто за Јеховините сведоци или за нашите верувања. Одговорот можеш да му го покажеш на мобилен уред или на компјутер. Но, најдобро е стиховите да му ги прочиташ од самата Библија. Ако немаш мобилен уред со пристап на Интернет, објасни му како да ја користи jw.org/mk за да си го најде одговорот. (Отвори „Библиски учења/Одговор на библиски прашања“ или „За нас/Најчесто поставувани прашања“.)
Испрати му статија или публикација на некој познат: Прати преку имејл преземен PDF или EPUB документ. Или стави на CD аудиоснимка од некоја публикација. Секојпат кога на некој што не е крстен ќе му дадеш комплетна електронска книга, брошура или списание, можеш да ги пишеш во својот извештај за служба. Не праќај му многу материјал одеднаш, не праќај го анонимно и не ставај го на друга веб-страница. (Отвори „Изданија“.)
Покажи ги најновите вести за Јеховините сведоци: Ова ќе им помогне на интересентите и на лицата што ги посетуваш да увидат дека нашето дело се одвива во целиот свет и дека сме обединети во меѓународно братство (Пс. 133:1). (Отвори „Вести“ на српската страница.)
[Графикон на страница 5]
(Види во публикацијата)
Пробај
1 Под „Изданија“, најди го материјалот што сакаш да го преземеш и кликни на копчето за соодветниот формат.
2 Кликни „MP3“ за да отвориш список со поединечни статии. Кликни на насловот на статијата за да ја преземеш или ▸ за да ја слушаш онлајн.
3 Избери друг јазик од овој список ако сакаш да преземеш некоја публикација на тој јазик.