„Да сведочиме темелно“
1. Каков добар пример оставил Павле во поглед на службата?
1 „Потполно изврши ја својата служба“ (2. Тим. 4:5). Павле можел со чиста совест да му го даде овој совет на Тимотеј. Всушност, во периодот од 47 до 56 год. од н.е., Павле бил на три мисионерски патувања. Во книгата Дела повеќепати се спомнува дека Павле ‚темелно сведочел‘ (Дела 23:11; 28:23). Како можеме и ние да го правиме тоа?
2. Како можеме да дадеме темелно сведоштво од куќа до куќа?
2 Од куќа до куќа: За да дојдеме до луѓето кои никогаш не ја слушнале добрата вест, можеби ќе треба да ги побараме во различно време од денот. Мажите можеби ќе ги најдеме дома приквечер или за време на викендите. Треба да настојуваме да зборуваме со некој од секој дом, така што одново и одново ќе одиме таму каде што не сме нашле никого дома. Што ако никако не успееш да најдеш некого? Можеби ќе имаш добри резултати ако пробаш да сведочиш со писмо или по телефон.
3. Какви прилики имаш да сведочиш јавно и неформално?
3 Јавно и неформално: Јеховините слуги им ја пренесуваат „вистинската мудрост“ на сите што се спремни да слушаат. Понекогаш ова се случува „на улица“ или „на плоштадите“ (Изр. 1:20, 21). Додека ги извршуваме секојдневните работи, дали ја користиме секоја можност да посведочиме? Може ли да се каже дека сме ‚потполно посветени на проповедањето на речта‘? (Дела 18:5). Ако да, тогаш ја исполнуваме нашата одговорност да „сведочиме темелно“ (Дела 10:42; 17:17; 20:20, 21, 24).
4. Како молитвата и длабокото размислување ни помагаат да сведочиме темелно?
4 Но, понекогаш можеби се колебаме да посведочиме затоа што имаме некакви слабости или затоа што сме срамежливи. Можеме да бидеме сигурни дека Јехова ги разбира нашите ограничувања (Пс. 103:14). Сепак, кога ќе се најдеме во таква ситуација, да му се молиме да ни даде храброст да проповедаме (Дела 4:29, 31). Исто така, додека лично ја проучуваме Божјата Реч и длабоко размислуваме за неа, да се потрудиме да сфатиме колку ненадминлива вредност има добрата вест (Фил. 3:8). Тоа ќе нѐ мотивира да ја објавуваме со жар!
5. Како можеме да учествуваме во исполнувањето на пророштвото на Јоил?
5 Пророштвото на Јоил претскажува дека, пред да дојде големиот и страшен ден на Јехова, Божјите слуги ќе „продолжуваат напред“ и нема да дозволат ништо да ги спречи да проповедаат (Јоил 2:2, 7-9). Затоа да правиме сѐ што можеме во ова дело на проповедање кое никогаш нема да се повтори!