ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/13 стр. 3
  • Користи ги DVD-јата кога поучуваш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Користи ги DVD-јата кога поучуваш
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Користи делотворни визуелни средства за да поучуваш
    Нашата служба за Царството 2006
  • Поучувај ги интересентите со видеоклипови
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Стани повешт во службата — користи видеоклипови
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • Дали да гледам музички спотови?
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 5/13 стр. 3

Користи ги DVD-јата кога поучуваш

Кога Јехова им пренесувал важни информации на Авраам и на Еремија, тоа не го правел само со зборови. Тој им помогнал да сфатат некои работи и преку она што можеле да го видат (1. Мој. 15:5; Ерем. 18:1-6). И ние можеме да им помогнеме на интересентите да ги разберат и да ги ценат библиските вистини така што ќе користиме визуелни помагала, како што се нашите DVD-ја. Подолу се наведени некои идеи за тоа кога може да се покаже одредено DVD. Но, имај на ум дека тоа се само предлози и дека секој интересент е различен.

Книгата Што учи Библијата?

◻ Поглавје 1: На крајот на пасус 17, гледајте го филмот Чудата на создавањето ја објавуваат Божјата слава

◻ Поглавје 2: На крајот од поглавјето, гледајте го филмот Библијата — точна историја, веродостојни пророштва

◻ Поглавје 9: На крајот на пасус 14, гледајте го филмот Јеховините сведоци — организирани за да ја пренесуваат добрата вест

◻ Поглавје 14: На крајот на поглавјето, гледајте го филмот Библијата — нејзината моќ во вашиот живот

◻ Поглавје 15: На крајот на пасус 10, гледајте го филмот Нашите браќа низ целиот свет

Книгата Божјата љубов

◻ Поглавје 3: На крајот на пасус 15, гледајте го филмот Младите прашуваат — како можам да стекнам вистински пријатели?

◻ Поглавје 4: На крајот на поглавјето, гледајте го филмот Почитувај го Јеховиниот авторитет

◻ Поглавје 7: На крајот на пасус 12, гледајте го филмот Лекување без крв — медицината се справува со предизвикот

◻ Поглавје 9: На крајот на пасус 6, гледајте го филмот Предупредувачки примери за нашево време

◻ Поглавје 17: На крајот на поглавјето, гледајте го филмот ‚Живеј според верата, а не според она што го гледаш‘

Знаеш ли некој друг од нашите филмови што може да им користи на твоите интересенти? На пример, оние што се соочуваат со противење можат да бидат охрабрени од филмот Верни под испити — Јеховините сведоци во Советскиот сојуз или од филмот Јеховините сведоци стојат цврсто наспроти нацистичкиот напад. Младите можат да извлечат корист од филмовите Поставувај си цели што му носат слава на Бог и Младите прашуваат — на што да го посветам мојот живот? Забележи си во книгата Што учи Библијата? и во книгата Божјата љубов за да се потсетиш кога би можел да гледаш одреден филм со твојот интересент или да му го позајмиш тој самиот да го гледа. Иако повеќето од наведените DVD-ја не се достапни на македонски јазик, можеш да користиш DVD на друг јазик кој интересентот го разбира. Штом ќе излезе некој нов филм, размисли кога би можел да им го покажеш на твоите интересенти за да допреш до нивното срце (Лука 24:32).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели