Користи ја jw.org во службата
Нашата интернет-страница е многу корисна алатка која ни помага да ја шириме добрата вест „сѐ до крајот на земјата“ (Дела 1:8). Ретко кој од луѓето сам ја нашол страницата jw.org. Повеќето дознаваат за неа откако некој објавител ќе им ја посочи.
Еден покраински надгледник го симнал видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата? на својот мобилен телефон и го покажува секогаш кога има можност. На пример, кога оди во служба од куќа до куќа, вели: „Денес накратко ги посетувам луѓето за да им помогнам да најдат одговор на три важни прашања: Зошто во светот има толку многу проблеми? Како Бог ќе ги реши? Како да се справиме со нив во меѓувреме? Видеоклипот што сакам да Ви го покажам дава одговор на овие три прашања“. Потоа му го пушта на станарот и ја набљудува неговата реакција. Видеоклипот е толку интересен што повеќето луѓе со целосно внимание го следат до крај. Потоа, надгледникот вели: „Штотуку слушнавте дека може онлајн да побарате библиски курс. Ама кога веќе сум тука, би сакал накратко да Ви покажам како изгледа еден таков курс“. Ако станарот се согласи, братот покажува како се проучува Библијата со помош на брошурата Добра вест. Доколку лицето нема време, се договара тоа да му го покаже следниот пат. Исто така, кога прави пауза за кафе, најпрво започнува пријателски разговор со некој што седи во негова близина и потоа му го покажува клипот. Дали и ти ја користиш jw.org во службата на проповедање?