ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/15 стр. 2
  • Угледајте се на нивната вера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Угледајте се на нивната вера
  • Нашата служба за Царството 2015
  • Сличен материјал
  • Писмо од Водечкото тело
    Поуки од Библијата
  • ‚Сведочи темелно за Божјето Царство‘
    Нашата служба за Царството 2011
  • „Исполни празнина во моето срце“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Како може да црпиме сила од Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Нашата служба за Царството 2015
km 9/15 стр. 2

Угледајте се на нивната вера

1. Што ќе проучуваме на Собраниското проучување на Библијата почнувајќи од седмицата од 19 октомври?

1 Почнувајќи од седмицата од 19 октомври 2015 год., на Собраниското проучување на Библијата ќе ја проучуваме книгата Угледајте се на нивната вера. Во неа се обработени библиските извештаи за 14 верни луѓе. Стилот на кој е напишана ни помага да ги гледаме како реални луѓе што поминале низ различни тешкотии додека му служеле на Јехова. Во книгата се истакнати и поуките од овие извештаи што ни помагаат и нам денес (Евр. 6:12).

2. Што содржи книгата Угледајте се на нивната вера?

2 Што содржи: Во книгата има временски приказ и карти кои ни помагаат да добиеме претстава кога и каде живеел секој од ликовите. Освен тоа, во секое поглавје има рамка „Размисли...“ која ќе ни помогне да размислуваме за библиските извештаи и да ги примениме поуките од нив. Друго нешто што ќе ни помогне да си ги оживееме настаните се и многуте слики во боја на кои се прикажани голем број внимателно истражени детали.

3. Како можеме да извлечеме корист од проучувањето на оваа книга?

3 Како може да ти користи: На почетокот од книгата има писмо во кое Водечкото тело нѐ поттикнува: „Замислувајте си ги настаните и вклучете ги сите свои сетила. Обидете се да се соживеете со библиските ликови. Споредете како реагирале тие во разни ситуации и како би реагирале вие“. Се разбира, да си ги замислуваме настаните не значи да претеруваме со шпекулации, туку да си го оживееме библискиот извештај и да се соживееме со луѓето за кои читаме. За тоа е потребно да одвоиме време и длабоко да размислуваме (Неем. 8:8). Ако материјалот за разгледување почнува од средината на поглавјето, оној што го води состанокот треба да одвои од 30 до 60 секунди за накратко да ги повтори мислите од претходната седмица. Ако во материјалот не е вклучена рамка „Размисли...“, на крајот може да постави едно или две прашања како резиме на она што било разгледано.

4. Зошто треба да ја проучуваме книгата Угледајте се на нивната вера?

4 Живееме во свет кој сака на секој можен начин да ни ја поткопа или да ни ја ослаби верата. Оваа книга — како и рубриката во Стражарска кула на која се темели — е дар од Јехова што ќе ни помогне да си ја зајакнеме верата (Јак. 1:17). Добро да го користиме така што редовно ќе присуствуваме на Собраниското проучување на Библијата и ќе коментираме додека заедно ја проучуваме оваа книга!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели