ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА
Стани повешт во службата — смисли своја презентација
ЗОШТО Е ВАЖНО: Иако готовите предлог-презентации се корисни, нивната цел е само да ни дадат идеја. Труди се да се изразиш со свои зборови. Можеби ти е полесно да почнеш поинаку или сметаш дека друга тема ќе биде поинтересна за твоето подрачје. Затоа, откако си ги прочитал списанијата, си ги разгледал предлог-презентациите и си ги гледал видеоклиповите со предлозите, следниве идеи можат да ти помогнат да смислиш своја презентација.
КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:
Размисли: „Сакам ли да користам некоја од предлог-презентациите?“
ДА
Размисли како ќе почнеш. Откако ќе го поздравиш станарот, кажи зошто си дојден. (На пример: „Тука сум за да...“)
Размисли како после прашањето да го воведеш стихот, а потоа и како да го понудиш списанието. (На пример, стихот би можел да го воведеш: „Овде има многу добар одговор на ова прашање“.)
НЕ
Избери од списанието тема што ти се допаѓа и што ќе биде интересна за луѓето на подрачјето.
Избери прашање со кое ќе го поттикнеш станарот да си го каже мислењето, без да го ставаш во непријатна ситуација. (На пример, прашањата од 2. страница од списанијата.)
Избери кој стих ќе го читаш. (Ако го нудиш Разбудете се!, не е задолжително да се чита стих зашто ова списание е за луѓе што не се многу запознати со Библијата, а можеби и се скептични во поглед на религијата.)
Смисли како накратко да му објасниш на станарот како ќе му користи статијата.
И ВО ДВАТА СЛУЧАИ
Смисли прашање што ќе го одговориш на следната посета.
Прави си белешки за да знаеш за што треба да зборуваш следниот пат.